Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жителите на Блатец не дозволија да почне изградбата на хидроцентралата

0
By Нова ТВ on September 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со трактори и жив штит, жителите на виничкото село Блатец, го блокираа патот до локацијата и не му дозволија на инвеститорот „Енерџи лукс ДООЕЛ од Штип“ да ги почне подготовките за изградба на мала хидроцентрала на реката Блатешница. Селаните од Блатец се спротивставија на изградбата на овој проект, за кој велат дека ќе направи голема еколошка катастрофа на реката Блатешница, ќе го прекине изворот за селските чешми, водата за пиење од реката и водата за наводнување. 

„Патот го блокиравме уште од 6.30 часот и останавме на блокадата се додека вработените од шумското стопанство не се повлекоа. Денеска требаше да се изврши мерење на трасата на цевководот до локацијата за хидроцентралата. Имаше голема масовност на протестот и засега успеавме да ја спречиме изградбата на објектот. Упативме јавна порака до инвеститорот преку медиумите, бидејќи тој иако беше најавено дека ќе дојде, сепак не се појави денеска. Ние сакаме да му порачаме дека населението нема да се повлече, ќе ја следи ситуацијата и е подготвено во секој момент да ја обнови блокадата“, вели за НОВА ТВ жител на село Блатец.

Месната заедница на село Блатец, ангажирала и адвокат за да преземе мерки за спречување на изградбата на хидроцентралата. Досега, велат тие, имале неколку средби со инвеститорот, кој останал тврдо на своите позиции дека ќе ја гради хидроцентралата, повикувајќи се на добиената концесија од министерството за економија.

„Но, Министерството и инвеститорот ја заборавија најважната работа во овој случај, а тоа е дека ја прескокнаа јавната дебата со месното население кое всушност е жртва и ќе ги трпи последиците од изградбата на овој овој објект“, велат жителите на с. Блатец.

Како што објави вчера НОВА ТВ, малата хидроцентрала треба да ја гради фирмата „Енерџи лукс Дооел“ од Штип. Концесијата ја добила во 2012 година заедно со уште 20 други компании за изградба на мали хидроцентрали низ цела Македонија. Сопственик на оваа фирма е конфекцијата „Виза Фешн Дооел“ исто така од Штип, која подружница има и во Македонска Каменица. Сопственик на конфекцијата и управител на „Енерџи лукс“ е Зоран Андоновски од Штип.

Конфекцијата е формирана во 2006 година, а фирмата „Енерџи лукс Дооел“ која треба да ја гради хидроцентралата е основана три месеци пред да ја добие концесијата.

Инвеститорот, Зоран Андоновски, за НОВА ТВ изјави дека подоцна ќе даде изјава за денешната блокада на жителите на Блатец.

На територијата на општина Виница во план беше изградба на три мали хидроцентрали, од кои две се веќе изградени, а третата е оваа што допрва треба да се гради на Блатешка Река, но не почнува поради отпор на месното население. Хидроцентралата во селото Градец е изградена во 2012 година од германската компанија „PCC DEG Renewables“, а концесијата за изградба на реката Брбушница ја доби фирмата „Мали хидроцентрали ДОО“ на вицепремиерот Кочо Анѓушев. И оваа хидроцентрала е изградена во 2012 година, а селаните велат дека веќе им прави проблеми, бидејќи реката Брбушница останала речиси без вода.

Градоначалникот на Виница, Емил Дончев, вели дека општината нема никакви ингеренции за изградбата на малите хидроцентрали. Општината само доделувала дозволи за градба, а за концесиите била надлежна централната власт, односно Министерството за економија.

 

 

 

Блатец блокада Виза фешн Виница Енерџи лукс протест хидроцентрала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.