НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Живот во услови на пандемија: Ризици по социјалното и ментално здравје на граѓаните од С. Македонија

0
By Нова ТВ on August 13, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: mhc.org.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Истражување на центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“

Автори на истражувањето: Лина Ќостарова Унковска, Јулијана Стојанова, Теодора Маневска

Каков беше животот на возрасните од Македонија пред само три месеци, кога се соочија со првите рестрикции како последица на Ковид-19, со полицискиот час, со првите карантини и со затворање на границите? – Кога училиштата и работните места се преселија во домовите, кога се смени динамиката на семејствата и кога луѓето почнаа да учат нови однесувања и вештини на прилагодување.

Какво беше тогаш чувството на стрес кај луѓето, нивните емоционални реакции, грижите и задоволството од животот, кога изгледаше дека состојбите со болеста почнуваат да се ставаат под контрола, но затоа почнаа економските последици од кризата, може да се проследи во извештајот на ова истражување.

https://cpca.mk/wp-content/uploads/2020/08/Izvestaj-Kovid-19.pdf

Истражувањето, прво од ваков вид во нашата земја, кое беше спроведено (22 април до 5 мај) по електронски пат, на примерок од 2.093 возрасни испитаници, дава широк опсег на резултати и ја поставува иницијалната состојба во однос на која идните студии ќе можат да го мерат влијанието на Ковид-19 врз животот на граѓаните и нивните вештини на справување.

Со наодите се потврдува дека родот, возраста, степенот на образование, религиските уверувања и изложеноста на ризици, играат значајна улога во тоа како граѓаните гледаат на Ковид-19, како се однесувааат и како реагираат на стресовите поврзани со пандемијата, што различно влијае врз нивното физичко, ментално и социјално здравје, а со тоа и на квалитетот на животот.

Првичните наоди покажуваат дека во моментот на истражувањето, оптимизмот и задоволството од животот се повисоки од општата загриженост за Ковид-19 кај сите групи испитаници. Доживувањето на висок стрес е одложено и послабо од емоционалите реакции на нервоза и висока вознемиреност, кои стануваат се повидливи. Во оваа фаза на соочување со Ковид-19, животот како да продолжува да тече по инерција и со привид на истото вообичаено темпо, без прифаќање на промените, со кои се повеќе се менуваат и губат клучните точки на „животот со смисла“ – контактите, работните места, економската сигурност, училиштата, професионалните ангажмани, мобилноста. Незадоволствата повремено се притајуваат, но и се потешко се контролираат.

Наодите откриваат и големи родови, возрасни, образовни и други видови нееднаквости, во реакциите на луѓето на пандемијата, што зборува за големи разлики во тоа што доживуваат и како се справуваат.

Со застапеност од две третини во примерокот, жените, од сите возрасти, се меѓу најранливите групи испитаници. Во споредба со мажите, тие се помалку оптимистични, позагрижени, но и поинформирани и подисциплинирани во следење на препораките. Посветени на семејството, на децата и на професионален план, тие во ништо не заостануваат, но и најмногу страдаат. Не е за изненадување податокот дека жените живеат под највисок стрес, најсилно емоционално реагираат, често чувствуваат исцрпеност и преплавеност со проблеми поврзани со новите животни околности. Речиси три четвртини од жените (73 отсто) тешко минуваат низ стресни искуства, бавно закрепнуваат (27 отсто) по лоши периоди, а секоја втора жена, и покрај вклученоста, нема доволно енергија (психолошка отпорност) за справување со стресот, без видливи последици.

Однесувања кои им помагаат на жените, во просек, се активностите во домаќинството (92 отсто) што ги делат со мажите (88 отсто). Од мажите тие повеќе уживаат во читање книги (76 отсто), креативни активности и медитација (62 отсто), друштво на миленичиња (42 отсто), но и употреба на лекови за смирување (13 отсто).

За разлика од жените, мажите поретко следат медиуми и социјални портали со информации за Ковид-19, помалку се загрижени за прашања поврзани со кризата и помалку се дисциплинирани во следењето на препораките за заштита. Според нивни изјави, тие не живеат толку стресно, поретко се преплавени со проблеми и општо земено се помалку вознемирени од жените, што не значи и дека се поопуштени и позадоволни од животот. Од активностите што им помагаат во услови на пандемија, мажите речиси еднакво со жените, уживаат во домаќинството (88 отсто) и во следењето филмови и ТВ-серии. Сепак, на мажите повеќе им помага бавењето со бизнисот (64 отсто), хуморот и разговорите на други теми (90 отсто), сексот (62 отсто), видео игрите (52 отсто), алкохолот (33 отсто) и уживањето дроги (6 отсто). Тоа ги прави поотпорни, но само на кратки патеки, бидејќи активното соочување со реалноста доаѓа подоцна и со потешки последици по нивното бавно справување со кризата, особено кога таа трае.

Овие податоци се доволно родово обоени, за посериозни анализи, како предизвик на новото време. Потребно е донесување родово чувствителни решенија за клучни промени во родовите улоги во домот, на работното место, во образованието на децата и грижата за најблиските, во изменетите животни околности. За сега, покажуваат наодите, решенија нема или тие ја имаат истата тенденција на оддржување на статус-кво, на помошничката и организациската улога на жената во домот и заедницата, на сметка на нејзините амбиции и способности. Потребна е прагматички радикална промоција на родовите еднаквости во распределба на товарот на новото време. При што најголеми промени би требало да се спроведат на линијата на еднаква дистрибуција на моќта во одлучувањето за клучни прашања во сопствениот живот, како на мажот така и на жената, наместо еден наспроти другиот.

Грижи живот истражување однесување Пандемија ризици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.