Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зидан со нов тренерски мандат во Реал М.: Среќен сум што се вратив дома

0
By Нова ТВ on March 12, 2019 СПОРТ
Фото: realmadrid.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зинедин Зидан се врати на кормилото на Реал Мадрид по десет месеци од неговото заминување. Со „кралскиот“ клуб потпиша договор до 30 јуни во 2022 година, а сè уште актуелниот европски клупски шампион истакна дека Французинот ќе биде најплатен тренер во светот без притоа да истакне за која сума станува збор. Поранешниот фудбалер од средниот ред овојпат ќе добие одврзани раце од претседателот Флорентино Перез што го немаше во целост во претходниот мандат. Ова, според шпанските медиуми, значи дека ќе може сам да одлучува за изгледот на трансфер листата за летниот преоден рок, но и за трансферните цели за што се шпекулира дека располага со буџет од 300 милиони евра.

„Не должам ништо на Реал. Овде сум бидејќи сакам. Се вратив да му помогнам на клубот да се врати каде што му е место. Некои работи ќе се променат, но тие не се приоритет во моментот. Пред нас се 11 натпревари и преку нив ќе се обидеме да ја завршиме сезоната на добар начин. Тоа е идеја засега“, истакна Зидан.

Популарниот Зизу на промоцијата на „Сантијаго Бернабеу“ се појави во друштво на сопругата Вероника. Не сакаше премногу да коментира на прашања од типот кој ќе остане, кој ќе замине, а кој ќе биде ангажиран како освежување на екипата на лето. Не сакаше да говори и за евентуално враќање на Кристијано Роналдо, а на прашањето дали е можно Португалецот повторно да стане „крал“, тој одговори:

„Ќе видиме во јуни, сега не е време да зборуваме за тоа“.

Фото: realmadrid.com

Познато е дека Роналдо е во конфликт со Перез и го избегнува Мадрид, па, се чини, дека Зидан тешко ќе може да ги испегла разликите. Од друга страна, управата на Јувентус сигурно ќе бара преку 100 милиони евра колку што вложи за португалскиот репрезентативец и тешко дека ќе се откаже по само една сезона иако би заштедиле еден куп пари што моментно ги издвојуваат на негова плата.

Зидан е трет тренер на Реал Мадрид во оваа сезона во која влезе со Хулен Лопетеги. Но, екс шпанскиот селектор не се задржа долго, по 18 меча доби отказ, па кормилото есеноска му беше доверено на Сантијаго Солари. Но, и Аргентинецот доживеа, речиси, идентична судбина и покрај неодамна потпишаниот договор до 2021 година. За него се потврдија медиумските шпекулации што се појавија во текот на минатата недела дека мечот со Валјадолид ќе биде последен без оглед на исходот. Му пресудија елиминациите во полуфиналето во шпанскиот куп од Барселона и во осминафиналето во Лигата на шампиони од Ајакс.

Реал Мадрид е третопласиран во Примера со 12 бода помалку од Барселона на лидерската позиција на табелата. Првиот меч за Зидан по враќањето ќе биде во сабота (16.15 ч.) на домашен терен против Селта.

Во претходниот мандат на „Сантијаго Бернабеу“, Зидан го предводеше Реал Мадрид до три последователни титули во Лигата на шампиони, двапати го освојуваше Светското клупско првенство и по еднаш Примера, шпанскиот Суперкуп и Суперкупот на УЕФА.

Зинедин Зидан Реал Мадрид Тренер фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.