Претставникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села ќе биде кандидат за градоначалник на Струга, објави партијата на социјалните мрежи.
Села за градоначалничката функција се тркаше и на локалните избори во 2013 година и победи. Но, откако партијата доби места во новиот парламентарен состав, тој се откажа од локалната власт и стана пратеник.
Алијансата за Албанците има свој звучен кандидат за градоначалник и во Гостивар, каде што ќе се трка актуелниот министер за здравство, Арбен Таравари.