Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Златната маска на банкнотата од 500 денари во Скопје

0
By Нова ТВ on March 23, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 23, 2019 13:14

Меѓу 400. вредни артефакти на изложбата во Археолошкиот музеј во рамки на одбележувањето на 100 години од откривање на некрополата кај охридско Требениште, македонските граѓани ќе имаат прилика во живо да ја видат и златната маска што е содржина на банкнотите од 500 денари. Од средината на овој месецот, експонатот за првпат ја напушти матичната поставка во Народниот музеј во Белград, а во Скопје ќе остане до крајот на август до кога ќе гостува и целата изложба по повод вековниот јубилеј.

Маската е откриена во 1932 година од професор Никола Вулиќ од Белград, кој тогаш раководел со втората кампања на истражувањата на требенишката некропола. Повеќе од две и пол илјади години под слоеви земја во таа гробница биле скриени многу предмети што сега сведочат за моќта, богатството и вкусот на требенишките великани кои во шестиот и петтиот век п.н.е., во т.н. архајски период, го населувале северниот брег на Охридското Езеро.

Некрополата е еден од најзначајните локалитети на Балканот. Била откриена на 20 мај во 1918 година при поплавата на патот меѓу Охрид и Кичево, веројатно за воени потреби. Во градежните зафати бугарските војници користеле камења од околните ниви. На денот кога случајно се наишло на еден од гробовите почнува и разоткривањето на она што за археолозите е сè уште енигма што и ден денеска наместо конечен одговор постојано отвора нови прашања.

Среќа во несреќата пред еден век била што пронаоѓачот – бугарскиот полковник Димитар Мустаков, покрај студиите на Воената академија, бил и дипломиран археолог од Универзитетот во Санкт Петербург. Тој ги истражил првите два гроба од некрополата, а потоа, поради војничките обврски, побарал археолози од Софија да ги продолжат истражувањата. Тие први наоди најдени во Требениште се дел од изложбата во Археолошкиот музеј.

Македонскиот археолог Перо Арџанлиев, еден од тројцата автори на изложбата (заедно со неговите колеги Вера Крстиќ од Белград и Крсто Чукалев од Софија), кажува дека меѓу сите изложени артефакти вниманието на јавноста најмногу го привлекуваат четирите златни маски т.е. ликовите на непознати владетели втиснати во златна фолија чиј одраз, како што вели, нè одушевува веќе еден век.

„Од нив најрепродуцирана и најпозната е, секако, златната маска откриена во гробот IX. Тоа е маската претставена на банкнотата од 500 денари. Најдена е во гроб на женски покојник и засега е единствената златна маска откриена на локалитетот која ѝ припаѓа на благородничка, за разлика од останатите три златни посмртни маски кои им припаѓаат на требенишките владетели, изјави Арџанлиев.

Посмртната маска е висока 18.5 сантиметри и широка 17.5 сантиметри. Како што појаснува Арџанлиев, изработена е од златна фолија во техника на исчукување и по рабовите е украсена со т.н. осумки кои се меѓу најпрепознатливите декорации за требенишката некропола.

Оваа маска и наодите од останатите шест богати гробови што ги открил професор Вулиќ денес се дел од збирката на Народниот музеј во Белград и за големиот јубилеј првпат се на изложба надвор од таа установа. Покрај неа, во белградскиот музеј се чува и маска најдена во гроб VIII.

Другите две златни маски, откриени во гробовите I и V, денес се дел од збирката на Националниот археолошки институт и Музеј во Софија. Сите четири маски потекнуваат од крајот на шестиот и почетокот на петтиот век п.н.е.

Археологот Арџанлиев вели дека обичајот да се покриваат голите делови на покојникот (дланките и лицето) со златни апликации бил практикуван и во други цивилизации, како Египет, Микена, култури во Централна и Јужна Америка и во Централна Европа. Целта на тие обичаи била да ги подготви моќниците за живот по смртта односно да ги направи бесмртни или полубогови.

Арџанлиев нагласува дека покрај ритуалните маски, има и многу други вредни и ексклузивни предмети меѓу 400-те артефакти на изложбата. Изработени се од најразлични материјали – злато, сребро, бронза, фајанс, стакло, килибар, итн.

„Сево ова може да се разбере и почувствува кога ќе се види. Предлагам јавноста да ја посети оваа значајна изложба во Археолошкиот музеј во Скопје и да се увери во убавините и мистериите на Требениште“, порачува археологот Арџанлиев.

По престојот во Скопје изложбата, како заеднички проект на три држави, во наредните две години ќе биде претставена и во Белград и Софија, а постои интерес за гостувања и во други европски градови. Подготвен е и обемен каталог-монографија, како и специјална веб-страница www.trebenishte.com.

Археолошки музеј изложба маска Скопје Требениште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.