Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто сè уште нема лек за рак?

0
By Нова ТВ on December 23, 2018 ВЕСТИ
Фото: technologynetworks.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 23, 2018 19:55

Како што се менува нашето разбирање за ракот, така се менува и нашиот пристап кон неговото лекување. Медицината заврши одлична работа во намалувањето на смртноста од срцеви заболувања и мозочен удар, но затаи кај ракот, пишува Економист. И покрај четиридецениската војна против оваа болест, која чинеше стотици милијарди долари, само во Америка 1,7 милиони луѓе се дијагностицирани со рак, а околу 600.000 умираат годишно. Зошто ракот не е излечен?

Главната причина зошто е толку тешко да се најде решение за ракот е отсуството на основно разбирање за главните молекуларни механизми кои го движат. Првиот лек за рак, хемотерапијата, се појави за време на втората светска војна, кога се откри дека кај лицата изложени на азотен иперит, хемикалија слична на иперит, доаѓа до значително намалување на бројот на бели крвни клетки. Научниците истражувале дали овие соединенија може да се користат за да се запре растот на клетките кои рапидно се делат, како што се канцерогените клетки. Така започна ерата на тестирање на различни хемиски соединенија за да се види дали тие ќе ги убијат туморите. Се открија нови лекови кои делуваа на ракот, но овој вид наука не откриваше што точно го предизвикува ракот или зошто овие терапии често имаа само привремено дејство.

Оттогаш е постигнат голем напредок. Благодарение на подлабокото разбирање за клеточната биологија и генетика, денес постојат повеќе терапии креирани на молекуларно ниво чија цел е да препознаат конкретни особини специфични за канцерогените клетки. Заедно со хемотерапијата, операциите и радиотерапијата, овие третмани – применувани самостојно или во комбинација – доведоа до бавен, но стабилен, пораст на стапката на преживување.

Успешноста на лекувањето од рак кај деца и рак на дојка денес е поголема во споредба со порано. Но, уште е потребно многу работа – и истражување; некој од најнадежните нови лекови за рак се производ на нашето подлабоко разбирање за тоа како канцерогените клетки мутираат и избегнуваат отстранување од телото. Денес ракот помалку се сфаќа како болест на одредени органи, туку како еден од молекуларните механизми предизвикани со мутација на одредени гени. Ваквата промена во сфаќањето имплицира дека сосема е можно да се утврди дека најдобрата терапија за, да речеме, рак на дебелото црево, е дизајнирана и одобрена третман на други тумори во сосема различен дел од телото, како што се градите.

Голема надеж дава уште една нова терапија, наречена имунотерапија, која го користи имунолошкиот систем на телото во борбата против ракот. Таа покажала успех во постигнување долгорочни ремисии на тешки форми на ракови кај речиси една третина од пациентите во тековните експериментални третмани. Активно поле на истражување е да се предвиди кои тумори реагираат на оваа и другите достапни терапии. Светот сè уште не ги излечил сите форми на рак кои постојат. Но во следните пет до десет години, ерата на персонализираната медицина може да биде сведок на огромен напредок во излечивоста на ракот.

Извор: Економист

истражување лек Рак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.