Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зврлевски: Ревизорскиот извештај за МОН е во редовна постапка

0
By Нова ТВ on November 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ревизорскиот извештај на министерството за образование е во редовна постапка“, рече денеска републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, одговарајќи на новинарско прашање по дебатата со студентите на Правниот факултет Јустинијан Први.

„Наодите од ревизорскиот извештај за министерството за образование е во редовна постапка и се постапува по нив“, кусо одговори Зврлевски.

Инаку претходно од обвинителството рекоа дека извештајот е распределен кај јавен обвинител  и сега е предмет на разгледување и детална анализа. Доколку се утврдат елементи на сторено кривично дело ОЈО ќе започне постапка согласно законските надлежности. Зависно од видот  на кривичното дело ќе се постапуваа соодветно според Законот за кривична постапка.

НОВА минатиот месец објави дека поранешниот министер за образование Абдилаќим Адеми и Спиро Ристовски живееле на висока нога на државна сметка.

Јаделе во најубавите ресторани, квалитетно се хранеле, а спиеле во хотели од минимум 4,5 ѕвезди. Поголем дел од податоците се за Адеми. Aко се соберат сите сметки од неговата службена картица од први јануари 2015 заклучно со 31 мај оваа година, Адеми од државното ќесе се честел со 20.000 евра.

Сите овие пари се потрошени во елитни ресторани како „Воденица“, „Балканика“, „Ла тераца“, ресторан „Момир“ во Охрид, ресторанот на „Микеи“ во Камник. Сумите се различни, почнувајќи од некоја скромна сметка од 1.000 денари, па се до 40 000 денари. За ручеци и вечери пари не се жалеле. За јунешки бифтек Адеми плати 5.200 денари, но и тоа било малку па се нарачало и телешко печење од 1.820 денари. А, во Момир во Охрид цехот излегол 19.310 денари. Одредени сметки, како онаа на Ристовски во скопскиот „Скара бар“ стасале дури и до 39 илјади за една вечера платена со буџетската картичка.

Марко Зврлевски МОН обвинителство ОЈО Ревизорски извештај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.