Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Патриотите влегуваат во невладиниот сектор

24
By Нова ТВ on March 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 14, 2017 19:56

Во Централниот регистар вчера беа впишани две нови здруженија  „Национален фронт“- Прилеп и фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров“.

Овластено лице на прилепското здружение е Јане Ченто, а на фондацијата е Дијана Транталовска. Освен Транталовска, која е член на ВМРО-ДПМНЕ, еден од сопствениците е и Виолета Ачкоска.

Јане Ченто

Универзитетската професорка Виолета Ачкоска е една од првотимците на неформалното здружение ГДОМ, секогаш во прв ред кога треба да се бранат ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а сега стана сопственик на фондацијата „Македонско наследство Тодор Александров“.

Ачкоска за НОВАТВ вели: „Доста беше само од здруженија финансирани од СОРОС, кои ни ја растураат државата. Потребни се македонски здруженија кои ќе работат на афирмација и заштита на името, традицијата и историјата на Македонија. ГДОМ е неформално здружение, новата црврно-жолта иницијатива исто така. Затоа решивме да формираме едно официјално здружение кое ќе делува и работи на македонската линија“.

Јане Ченто или Војводата од Прилеп како што себе си се нарекува на неговиот фејсбук профил е правнук на Методија Андонов – Ченто и во првите редови на протестите на „Иницијативата за заедничка Македонија“.

Тој исто така е претседател и на Македонското патриотско здружение „Пере Тошев“, кое се уште официјално не е регистрирано во Централниот регистар, но веќе има активности, трибини и говори на протестите во Прилеп.

НОВА ТВ побара од Ченто информација која ќе биде целта на здружението, но досега од него не добивме одговор.

Во официјалните документи во Централниот регистар пишува дека целите и задачите на Здружението „Национален фронт“ е „заштита на унитарноста и името на Република Македонија , афирмација на личности занемарени од комунистичкиот режим, давање целосен континуитет на македонската историја од античко време, на македонската историја во време на ВМРО како организација и на македонската историја во времето на АСНОМ…и други цели за промовирање на македонската историја“.

Статутите на сите овие здруженија речиси се идентични од збор до збор. Напливот на вакви патриотски здруженија го најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во својот говор пред ДИК во ноќта на „долгите ножеви“.

https://www.youtube.com/watch?v=eHAp879wYUU

„Ќе се бориме за десороизација на Република Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот“, рече Груевски

Македонско патриотско друштво „Андон Лазов Јанев Ќосето“ се формираше во Велес, а Патриотско здружение си има и Битола „Тодор Александров“.

Името на Тодор Александров се почесто се користи во реториката на вмровските следбеници и институции, но и во називите на новоформираните здруженија. Едно од најстарите кое го носи името на контроверзниот Александров е институтот „Тодор Александров“, формиран во 2010 година.

НОВАТВ се обиде да го најде седиштето на овој институт, но адресата „Анастас Митрев“ број 6 во скопската населба Мичурин не постои. Ни физички на улицата, ниту пак во адресарот на Телеком.

ВМРО-ДПМНЕ уште кога се појави демантираше било каква поврзаност со овој институт.

И додека како печурки никнуваат нови здруженија под плашт на патриотизам, истовремено под истрага на Финансиската полиција и УЈП се 30-тина граѓански организации во кои се проверува нивното финансиско работење и трансакции од агенцијата за меѓународен развој на САД, USAID. Невладините велат дека ова е атак врз нивната работа и ако не се стави крај на политичката криза, граѓанскиот сектор ќе биде колатерална штета.

Виолета Ачкоска Јане Ченто патриотски здруженија Тодор Александров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.