Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеад Кочан во четвртокот ја напуштил Македонија, не се знае каде е

2
By Нова ТВ on March 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 11, 2017 14:39

Сеад Кочан, сопственикот на ТВнова во четвртокот наутро ја напуштил Македонија преку границата на Табановце и заминал во непознат правец, дознава НОВА од извори во истрагата.

Министерството за внатрешни работи не знае во која држава се наоѓа Кочан во моментов.

Кочан ја напуштил Македонија неколку часа пред да биде објавена одлуката на Кривичниот совет со која се прифаќа жалбата на СЈО и се бара притвор за него.

Кривичниот совет оцени дека Кочан може да избега и во одлуката напиша:

“Осомничениот е имотен човек, што укажува на тоа дека може да се даде во бегство, бидејќи истиот поседува ресурси кои би можеле тоа да му го овозможат. Преку материјалните средства што тој ги поседува, осомничениот може непречено да реализира напуштање на границите на РМ и обезбедување на засолниште во странство, дотолку повеќе што неспорен е фактот дека тој многу често патува надвор од земјата. Во таа смисла, во услови кога на осомничениот не му е ограничено неговото движење бидејќи поседува патна исправа, согласно понапред изнесените причини може да се даде во бегство и да се крие, односно да стане недостапен на органите на прогон.”

Судијката во претходна постапка била Даниела Димовска која првично проценила дека нема потреба од притвор.

На оваа одлука се жалеше СЈО. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифати жалбата на СЈО и издаде наредба за приведување на сопственикот на фирмата „Транс Мет“, Сеад Кочан, осомничен за случајот „Труст“.

Покрај Кочан, во овој предмет осомничен е и Василије Авирович, овластен потписник на компанијата „Силекс неметали“, за кого судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост.

Според истрагата на СЈО, обвинетите фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“.

бегство Кривичен Совет Сеад Кочан СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026Updated:June 27, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

ВЕСТИ June 27, 2026

Ирска од 1-ви јули застанува на чело на ЕУ – во фокусот на проширувањето се…

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

June 27, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.