Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривичен совет: Постои опасност за бегство на Сеад Кочан

4
By Нова ТВ on March 10, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 10, 2017 13:22

Кривичниот суд денеска на својата интернет страница го објави Решението со кое му се определува 30 дневен притвор на Сеад Кочан, сопственикот на телевизијата „НОВА“.

Во соопштението на судот пишува дека Кривичниот совет, ја уважува жалбата на Специјалното јавно обвинителство и одлуката на судијата на претходна постапка ја преиначува со мерка притвор. Мерката притвор се определува поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно – приватно партнерство“.

Како што е напишано во образложението, Советот ги ценел наводите изнесени во жалбата и нашол дека судијата на претходна постапка погрешно оценил дека не постои опасност осомничениот да се крие или други околности што укажуваат на опасност од бегство, како на пример, дека не постои основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, или особени околности дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите и дека не постојат особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело.

„На опасноста од бегство, по наоѓање на овој Совет, а како што основано се наведува во изјавената жалба, укажуваат личните прилики на осомничениот. Судијата на претходна постапка донел погрешен заклучок дека постои мала веројатност за бегство од причина што осомничениот има постојани месечни примања и е во работен однос, но факт е дека осомничениот С. К. е Управител на друштвото М… Компани, на кое сопственик е неговата сопруга А. К., па оттука произлегува логичен заклучок дека и покрај тоа што осомничениот е во работен однос истиот може да се даде во бегство.

Осомничениот е имотен човек, што укажува на тоа дека може да се даде во бегство, бидејќи истиот поседува ресурси кои би можеле тоа да му го овозможат. Преку материјалните средства што тој ги поседува, осомничениот може непречено да реализира напуштање на границите на РМ и обезбедување на засолниште во странство, дотолку повеќе што неспорен е фактот дека тој многу често патува надвор од земјата. Во таа смисла, во услови кога на осомничениот не му е ограничено неговото движење бидејќи поседува патна исправа, согласно понапред изнесените причини може да се даде во бегство и да се крие, односно да стане недостапен на органите на прогон.

Советот цени дека видот, карактерот и тежината на кривичното дело кое му се става на товар, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 5 години, се околности кои исто така генерираат опасност од бегство.

Во корелација со претходно наведените околности за кои Советот наоѓа дека укажуваат на опасност од бегство, е и специфичноста на кривичното дело кое е предвидено во глава дваесет и петта од Кривичниот законик, каде објект на заштита се јавните финансии, платниот промет и стопанството.

Со кривичните дела кои се предвидени во оваа глава од Кривичниот законик, државата има за цел да обезбеди правна и друга заштита на вредностите како што се приватната сопственост, слободата на пазарот, заштита од монополско однесување и да ја гарантира сигурноста на платниот промет како артерија низ која се одвиваат финансиските и стопанските текови.

Советот смета дека, судијата на претходна постапка погрешно оценил дека околноста што осомничениот има семејство, цврсти роднински врски во земјата и дека нема роднини надвор од државата, укажуваат на мала веројатност од бегство.

Исто така, Советот цени дека фактот на кој се повикува судијата на претходна постапка, дека на осомничениот му било познато дека обвинителството ќе предложи да се определи мерка притвор, но и покрај тоа сам се јавил на поканата на судот на рочиште за испитување, не претставува доволна гаранција дека истиот во понатамошниот тек на постапката нема да се даде во бегство“, пишува во образложението на Кривичниот совет.

Во решението, Советот им наложува на овластените службени лица од МВР, СВР Скопје, ОЕКР, Единица за извиди и потраги и Одделение за потраги – Скопје по пронаоѓање и лишење од слобода на осомничениот Кочан, да го спроведат на издржување на мерка притвор во КПУ Затвор Скопје.

Според истрагата на СЈО, обвинетите фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Овие три фирми на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Транс мет“.

бегство Мерки за обезбедување притвор Сеад Кочан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.