Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе барање за притвор за првите двајца осомничени, Сеад Кочан и Василије Авировиќ, во најновиот случај „Труст“. Тие заедно со третиот осомничен, Сафет Ватиќ сопственик на фирмата „ВАТО“ од Скопје, се осомничени дека со лажни документи иксеширале 17 милиони и 200 илјади евра од тендер на ЕЛЕМ.
НОВАТВ по прес конференцијата на СЈО го побара Сеад Кочан во неговата фирма „Транс мет“, но оттаму ни кажаа дека ниту еден од директорите во моментот не е во фирмата.
Го побаравме и второсомничениот, Василије Авировиќ, а тој рече дека не слушнал за случајот „Труст“ на СЈО. Беше категоричен дека сме грешка и дека тој нема никаква врска со истрагата за „Труст“. Ни изјави дека не бил овластен потписник на „Силекс нематели СТ“ ДООЕЛ од Кратово. Бил во таа фирма, но тврдеше дека не знаел ништо за тендерот од 17 милиони евра. Тој сега работи во друга фирма – „Магрони“ во сопственост на семејството на Љубисав Иванов Ѕинго, која стои зад „Добра вода“ и „Ладна“.
Василије Авировиќ е син на Владанка Авировиќ, поранешна пратеничка од Социјалистичката партија на Ѕинго, која беше најагресивниот пратеник кога специјалната обвинителка, Катица Јанева, го презентираше извештајот за работата на СЈО во Собранието.
Погледнете ја снимката од расправата во Парламентот.