Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО-Кои се напаѓачите:Криминалци, вработени во институции, МВР и АРМ

0
By Нова ТВ on April 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 30, 2017 16:03

Дамјан Манчевски од СДСМ на прес конференција ги откри имињата на дел од насилниците кои тепаа пратеници во Собранието. Тој порача дека за злосторствата ќе одговараат и нарачателите и директните изврпители кои го нарачаа обидот за убиство во Собранието.

„ОЈО, МВР и надлежните институции мора да водат јавна и транспарентна истрага со цел да се откријат големиот број на злосторници кои беа учесници во овие настани. Од снимките  граѓаните масовно ги препознаваат извршителите на Груевскии, Мијалков, Чавков и Велјановски. Сите до еден им беа познати на пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Сите до еден се дел од партиските структури на ВМРО ДПМНЕ. Директори на јавни претпријатија, раководители на сектори, вработени во МВР, вработени во јавни претпријатија и многу други коишто примаат плата од државата“, рече Манчевски.

Тој рече дека во Собранието беа пратени за да извршат обид за убиство и тешки криминалци и убијци. Станува збор за организирано сценарио на режимот во распад, додаде Манчевски.

Следуваат имињата на дел од идентификуваните напаѓачи:

Ова е Димче Христоски – Жабата од Прилеп, поранешен припадник на „лавовите“, осуден за двојно убиство во јули 2005 на манифестацијата „Пиво фест“. Една од неговите жртви е  и дете. Овој човек го повреди претседателот Зоран Заев.

На оваа фотографија јасно може да се види еден од напаѓачите на Радмила Шекеринска. Димитар Пецов од Струмица.

Овој на сликата со усташките симболи е Игор Југ, претседател на тн. МПЗ „Владо Георгиев Черноземски“ осуден за силување, убиство, дрога и физички напад.

Како што може да се види на снимките еден од оние кои непречено од полицијата ги насочуваат насилниците е и Никола Митревски Кољо, три пати осудуван на казна затвор и десна рака на Александар Василевски Нинџа. Двајцата познати насилници на ВМРО ДПМНЕ. Истиот учествуваа и во нападот над нашиот пратеник Мухамед Зекири.

Еден од првите којшто влезе во Собранието е Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков.

Овој насилник, лево на оваа фотографија е Аднан Мемед- шеф на кабинет на Елвис Бајрам, градоначалникот на Шуто Оризари и син на Амди Бајрам. Го има по балови со Сашо Мијалков.

 

Ова е Горан Ангелов од Велес, дел од таканаречените патриотски здруженија тесно поврзан со Илија Димовски.

Ова е Предраг Петрушевски Бинго, под контрола на Јохан Тарчуловски.

Во Собранието беше и Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, осомничен во случајот „Титаник“ на СЈО, за лажни лични карти.

Овој на сликата е Митко Михајловски- Џачката, вработен во МВР.

Ова е Андреј Илиев, потполковник во АРМ.

Ова е Мартин Стојановски, вработен во Агенција за потикнување на развојот на земјоделството.

Во прес салата беше и директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Александар Атанасов. На денешните слики не го објавуваме, туку лично го поканувам тој самиот да ги објави снимките и селфито кое задоволно ги снимаше додека насилниците тепаа.

„Овие лица и граѓаните ги препознаваат, нивниот идентитет може лесно да се потврди. Тие се дел од учесниците во извршеното кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ по член 313 од Кривичниот законик и мора да понесат одговорност. Најважно од `се е пред лицето на правдата да излезат и нарачателите Груевски, Иванов, Велјаноски, Чавков, кои се обидоа да предизвикаат меѓуграѓански, меѓуетнички судир, државен удар и да преизвикаат основа Иванов да прогласи воена состојба. Тоа беше нивното сценарио што го пресретнавме“, рече Манчевски на денешната прес конфереција.

 

 

Дамјан Манчевски напаѓачи пратеници СДСМ Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.