Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Мицкоски побараа одложување на изборите

0
By Нова ТВ on March 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција предмалку порача дека изборите треба да се одложат поради состојбите со коронавирусот. Тоа преку својата фејсбук страница го побара и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христиојан Мицкоски.

Заев рече дека одлуката е донеса синоќа и најави дека ќе побараат претседателот, Стево Пендаровски, да повика лидерска средба за одложување на изборите, а ако тој не го направи тоа, средба ќе свика СДСМ.

„Сликите од нашата земја да не бидат исти како оние во Кина или Италија. Потребна е посветност и ангажираност на сите. Да се однесуваме одговорно и зрело, затоа што се работи за нашето здравје и на нашите најблиски. Ваквите услови повеќе од јасно е дека не дозволуваат нормална организација на избори. Сега е време секој ресурс да се стави во функција на заштита на граѓаните. Затоа во името на СДСМ да се организира лидерска средба на која ќе се разговара за одложување на изборите. За нас е прифатливо Пендаровски да ја организира оваа средба“, рече Заев.

Ризикот за одржување во најмала рака ја прави, според него, непријатна состојбата. Треба да се оди на гласачките места во ситуација на строги мерки. „Најважниот елемент е здравствената состојба на граѓаните. Ги следиме трендовите, се прават сериозни анализа. За точниот датум, кога би можеле тие да се одржат би оставил да раговараме со сите лидери. Она што во моментов може да се каже е дека тие може да се одржат кога ке биде стабилизирана состојбата“, рече Заев.

Тој рече дека не биле во комуникација со Мицкоски, но добро е, како што вели да имаат заедничко мислење.

„Пресконференцијата беше најавена пред еден час, веројатно од ВМРО-ДПМНЕ знаеле што ќе побараме и затоа претходно реагирал Мицкоски на својот фејсбук профил. Но тоа сега не е важно“, рече Заев.

Во врска со битката за спречување на ширење на вирусот потсети дека Алабанија, Косово, Србија, Грција прогалсиле вонредна состојба. „Тоа е очигледно посериозна алатка за полесно менаџирање на кризата и ние најверојатно ќе се движиме во таа насока“, рече Заев.

Според него Македонија е ретка земја во регионот која навремено презема целосни ефикасни мерки за справување со вирусот и ширењето на заразата. Тој изрази јавна благодарност и признание до сите здравствени работници, армијата, полицијата, секој службеник инволвиран во активностите, како и на новинарите за навременото известување.

Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека сите препораки на релевантните домашни и светски организации се дека најдобар одговор за справување со вирусот е одбегнување на активности.

„Токму кога се предвидувањата за пикот на здравствената криза, во Македонија ќе треба да се одржат избори. Со вакви анализи и предвидувања изборите би значеле отворање на нови жаришта со Корона вирус. Замислете ден на избори кога во една просторија каде има гласање илјадници избирачи ќе гласаат, ќе заокружат со пенкало, ќе имаат личен контакт со членовите на избирачкиот одбор. Денес ќе побарам свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор за одлагање на предвремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните. Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата“, напиша Мицкоски на својот фејбук. 

Заев избори Мицкоски одложување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.