Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Упадот во Собранието координиран од ВМРО-ДПМНЕ и од УБК

0
By Нова ТВ on December 7, 2018 ПОЛИТИКА
Фото МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иницијативата „За заедничка Македонија“ била формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имала фиктивни водачи, а структури на УБК го организирале насилството во Собранието на 27 април 2017 година, сведочеше вчера пред судот Александар Василевски – Нинџа, еден од 33-цата обвинети за настаните во Собранието.

Нинџа во сведочењето рече дека дека сите насоки за 27 април доаѓале од штабот на ВМРО ДПМНЕ.

Според исказот на Василевски, вистинските водачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ биле Спиро Ристовски и Кирил Божиновски, а програмата за секоја нивна активност била пишувана во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој на 27 април влегол во штабот на ВМРО ДПМНЕ околу 18 и 10 и како што рече таму бил ,,командно оперативниот штаб“, на ВМРО ДПМНЕ  односно Бришковска, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Митко Чавков кој тогаш е директор на Бирото за јавна безбедност. Тие гледале директен пренос од протестите и како се доближувала толпата кон Собранието, давале насоки.

И адвокатот на Нинџа, Звонко Давидовиќ рече дека по одбраната на неговиот клиент станува јасно дека ланецот на командување на МВР на 27 април бил преземен од партиски луѓе.

-МВР останала обезглавена и наместо полициски структури, командувањето на МВР се префрлило на партискиот врв, кој ја презел командата за да заштитат свои интереси, рече Давидовиќ.

Тој исто така тврдеше дека програмата за протестите што ги организираше „За заедничка Македонија“ е правена во штабот на ВМРО ДПМНЕ, а исто така и дека таму ги видел неговите водачи Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, како излегувале од канцеларија на Кирил Божиновски кого, според Нинџа, го викале,,благајник“.

Василевски пред судот кажа и дека на една од клупите во „Жена парк“ го сретнал и Горан Грујоски, кој му рекол дека „нема да има вонредна состојба поради притисок од странците кај претседателот на државата“. Околу 22:15 го одвеле во прикриена база на УБК кај Државна болница, каде биле Бошкоски и Сашо Марковски, каде пак разбрал дека се одземени хард дисковите од обезбедувањето на Собранието.

Хард дисковите биле униптени и фрлени во Вардар

Во сведочењето го спомена и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски кој според него дал наредба да се уништат хард дисковите од Собранието. Исто така Нинџа рече дека на 27 април му  во 19:15 добил наредба од Атанасовски да оди да известува од терен.

Исказ пред судот, вчера даваше и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски, кој беше спроведен од притвор. На прашање од судот каде бил на 27 април, рече дека не се сеќава точно, но дека по завршување на работното време бил на ракометен натпревар. Рече дека се познава со Нинџа од теретана околу две и пол години, односно недела до две пред да стане директор на УБК, а за тоа дали Нинџа бил вработен во службата, Атанасовски се повика на тајност на податоците.

На почетокот од својата одбрана вчера, Нинџа рече дека бил тајно вработен во УБК во одделот за оперативна техника и прикриени операции односно во Петтата управа. Тој рече дека освен Нинџа имал и друг прекар ,,Самурај“ и овој прекар му го дал началникот на Петтата управа Горан Грујевски во 2015 година. Грујевски го ангажирал на почетокот на 2015. кога тогашниот лидер на опозицијата почнал да ги објавува бомбите. „Самурај“ имал задача да ги следи луѓето што ќе му ги посочел Грујевски и лично нему да му реферерира. Василевски имал легитимација од УБК, пиштол марка „магнум“ и радио станица на која можел да ја слуша целата комуникација на сите полицајци низ Македонија, вклучувајќи го и Скопје.

Сведочењето на телохранителот на Груевски

Вчера сведочеше и Благоја Василевски, кој му беше телохранител на екс премиерот Груевски и кој беше со него во Виена на 27 април 2017, денеска сведочеше во Судот.

Тој му е брат на обвинетиот Александар Василевски Нинџа и беше повикан како сведок.

Благоја Василевски рече дека се слушнал со брат му Нинџа попладнето на 27 април, но дека разговарале за мајка им која била болна.

На прашањето, дали разговарале и за други работи, Василевски одговори: ,,За вообичаени работи“.

Според обвинението за 27 април, настаните тој ден започнале по повик од Виена преку телефон во сопственост на владината служба за општи и заеднички работи до Нинџа, по што тој почнал да го организира упадот.

За братот на Василевски немаше други прашања.

Освен неговиот брат и другите сведоци кои ги повика Нинџа меѓу кои и неговиот кум, ја потврдија неговата верзија за настаните од 27 април – дека бил во ресторанот „Дион“, но и дека не давал пари да се купат фантомки.

Кумот потврди и дека го однел Нинџа во штабот на ВМРО ДПМНЕ. Како што сведочеше Василевски Нинџа сите директиви за 27 април доаѓале од штабот во ВМРО ДПМНЕ.

-Раководството на ВМРО и наУБК ги изманипулира обвинетите, повтори неколкупати Василевски.

Нинџа ги следел Заев, Спасовски, Верушевски

Тој рече дека бил ангажиран во тајната полиција од Горан Грујевски во 2015 кога опозицијата почнала со објавување на бомбите.

Грујевски му дал задача на Нинџа кој тогаш го добил прекарот „Самурај“ да следи одредени личности. Василевски рече дека ги следел Зоран Заев, Оливер Спасовски кој во време на техничката влада беше министер за внатрешни работи, Зоран Верушевски и Алберт Муслиу во чиј дом биле поставени и камери од тајната полиција. Тој откри уште еден фрапантен податок, дека во домот на аналитичарот Алберт Муслиу УБК поставила тајна камера. 

Судењето продолжува на 10 декември

Судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година продолжува в понеделник, на 10 декември, со сослушување сведоци предложени од одбраната откако судечкиот совет на денешното рочиште ги извести дека прифаќа да бидат изведени и листите на докази предложени на 22 август 2018 година.

В понеделник одбраната на Митко Чавков предложи двајца сведоци, на Душко Лазаров тројца и Горан Ѓошевски двајца сведоци, меѓу кои Трајко Вељаноски. Судијката Добрила Кацарска ги задолжи обвинетите сами да ги известат предложените сведоци.

Дополнителни сведоци предложи и одбраната на обвинетите Богдан Илиевски – пет сведоци, Борис Дамовски и Јане Ченто по еден и Абдулфета Алими, кој го предлага пратеникот Зијадин Села.

27.април Атанасовски Владимир Атанасовски ВМРО-ДПМНЕ За заедничка Македонија Нинџа сведочење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.