Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27 април: Вељаноски со порака до Ѓошевски – бидете на штрек

0
By Нова ТВ on November 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 13, 2018 12:53

Со изведување смс и вибер пораки меѓу обвинетите на „крвавиот четврток“ денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година.

Прво е вештачењето на мобилниот телефон на тогашниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, кое се однесува на смс и вибер комуникацијата во периодот февруари – мај 2017 година.

Во судница се присутни сите 32 обвинети, освен обвинетиот Сашко Марковски за кого постапката беше одвоена.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

Обвинителката Русковска на почетокот посочи дека вештачењата се преобемни и содржат и приватни пораки, поради што им доставиле испечатени примероци.

– На 27 април во 17:48 Трајко Вељаноски испраќа смс порака до Горан Ѓошевски со содржина „бидете на штрек“. Ѓошевски во 17:49 испраќа смс порака со содржина „да” и подоцна уште една „сите знаат и од МВР”. Во 18:04 Вељановски му праќа порака „кажи им да влезат двајца внатре и да не им дозволат да седнат на моето место”, прочита дел од вештачењето обвинителката Русковска.

Од вибер комуникацијата на телефонот на Вељаноски, продолжи Русковска, може да се види дека тој добива порака од пратеникот Димитар Стевананџија со содржина „како е работата”, по што испраќа одговор „Се спремаме. Тврдокорни. Чекате насоки. Важно спремни”.

Подоцна истиот ден Стевананџија испраќа пораки „мора да има кредибилен лидер” и „и критична маса од ск”.

– Вељаноски на 25 февруари на Никола Груевски му испраќа порака со содржина „јас пак мислам подобро митингот да се одржи во сабота, ќе има повеќе време за подоготовка, нема да врни и до тогаш се повеќе ќе се наектрелизира Македонецот”.

Вељаноски испраќа смс до Гордана Јанкуловска на 27 февруари во 19:47 со содржина „добар беше собирот денес” и таа му враќа „да, супер изгледаше”. Вељановски на 2 март испраќа порака на Сања Угриновска „сакам да му се јавам на Чавков да ги повлече сите”, на што таа му враќа „не ве разбирам, овие што заминаа”. Подоцна, истиот ден, Вељановски и пишува „сите, и тие што заминале”, на што таа му враќа „па јас не би ги враќала”.

За случајот „27 април“ обвинети се уште 32 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко

Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

27.април Вељаноски вибер докази насилства пораки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.