Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

45 општини во прв круг добија градоначалници, следат 35 за втор круг

0
By Нова ТВ on October 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 16, 2017 15:27

Четириесет и пет општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори што се одржаа вчера, а во 35 општини на 29 октомври ќе се гласа во втор круг.

Од досега преброените гласови, излезноста е повеќе од 60 отсто, а исходот од локалните избори кои вчера се одржаа најавува голем пресврт на политичката сцена во Македонија.

СДСМ на овие избори направи целосен пресврт во распоредот на градоначалниците и извојува голема победа.

Во првиот круг избрани се градоначалници на Аеродром, Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Гевгелија, Ѓорче Петров, Делчево, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Илинден, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крвогаштани, Крушево, Куманово, Лозово, Маврово – Ростуше, Неготино, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Пласница, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица, Центар, Центар Жупа, Чучер Сандево и Дебрца.

Втор круг ќе има во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегоновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари.

Според Државната изборна комисија, на вчерашните локални избори има 51.164 неважечки ливчиња за гласање за општинските совети, додека за изборите за градоначалници има 45.066 неважечки ливчиња.

ДИК: Конечни резултати ќе има по истекот на роковите за жалби

Изборниот ден генерално помина во мирна атмосфера без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Од Основното јавно обвинителство денеска информира дека до завршување на изборниот ден, сумарно во Основните јавни обвинителства во Република Македонија се постапува во шест кривични дела.

„Еден во ОЈО Битола, два во ОЈО Кочани и три во ОЈО Скопје. Во нив обвинителството постапува поради утврдено постоење на основано сомнение дека се сторени кривични дела поврзани со изборниот процес. Во текот на овие предистражни постапки кои се водат во обвинителствата се преземаат дејствија за прибирање на докази за комплетирање на предметите и донесување на јавно обвинителски одлуки за натамошно постапување“,рече Џељаљ Бајрами, претседателот на Привремената комисија при ЈОРМ за следење на изборни нерегуларности.

Делата за кои се водат постапките се однесуваат на „Поткуп при избори и гласање“, „Злоупотреба на избирачко право“ и „Изборна измама“.

„Основните јавни обвинителства во Република Македонија исто така постапуваат и за други седум настани, за кои јавните обвинителства имаат добиено известувања од Министерството за внатрешни работи или пријави од граѓани и  други надлежни институции, а каде засега има само основи на сомнение дека има елементи на сторени кривични дела. Во овие предистражни постапки за настани кои се случиле на територија на ОЈО Битола, Охрид, Струга, Скопје и Кочани, јавните обвинителства преземаат дејствија за утврдување на факти, во насока на тоа дали воопшто има елементи на сторени кривични дела.  Постапките се за евентуално сторени кривични дела „Повреда на слобода на определување на избирачите“, „Поткуп при избори и гласање“, „Противзаконито располагање со буџетски средства за време на избори“, рече Бајрами.

Тој додаде дека во текот на изборниот ден, во Основните јавни обвинителства , како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса izbori@jorm.gov.mk пристигнати биле бројни известувања и дека во голем дел од пристигнатите известувања не се утврдени елементи на сторени кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност.

 

ВМРО-ДПМНЕ ДУИ избори локални избори 2017 СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.