Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европска комисија: Потребно е системско решение на ниво на ЕУ за проблемот со возачите на камиони

0
By Zoran Ivanov on January 29, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 29, 2026 14:09

Во новата Стратегија за визи, Европската комисија официјално за прв пат призна дека сегашните правила за престој во Шенген зоната не одговараат на реалните услови за работа на професионалните возачи на камиони од трети земји и најави воведување на посебни решенија што би можеле да го решат долгогодишниот проблем на возачите на камиони.

Сегашното правило дозволува престој од максимум 90 дена во период од 180 дена, што за возачите на камиони, кои постојано ги преминуваат границите, во пракса значи ризик од казни, забрани за влез и прекин на работата. Иако не живеат трајно во ЕУ, нивното присуство се смета за туристички престој, што со години предизвикуваше незадоволство кај превозниците, особено од Западен Балкан. Во новата стратегија за визи, Европската комисија наведува дека постојат професии кои „поради природата на нивната работа, честопати мора да останат во неколку земји-членки“, и не спаѓаат во категоријата класични мигранти или прекугранични работници. Тие конкретно ги вклучуваат возачите на камиони кои обезбедуваат услуги за европски компании, заедно со спортисти и уметници на турнеја.

Како одговор на овој проблем, Комисијата најавува разгледување на посебен режим на продолжен краток престој на ниво на ЕУ, кој би им овозможил на камионџиите да останат во Шенген зоната повеќе од 90 дена, без потреба од дозвола за работа или престој, но со строги контроли и јасно дефинирани правила.

Зборувајќи на прес-конференција, извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, изјави дека институциите на ЕУ се свесни за загриженоста што ја искажаа превозниците од Западен Балкан.

Свесни сме за овие загрижености. Важно е да се нагласи дека системот за влез-излез не воведе никакви нови барања кога станува збор за времетраењето на кратките престои во Шенген зоната, рече Виркунен, додавајќи дека Комисијата ги препознава практичните тешкотии со кои се соочуваат камионџиите.

Во оваа стратегија за визи, ние се занимаваме и со тоа прашање и предлагаме да се разгледаат одредени дополнителни флексибилности, се разбира без да се загрози безбедноста, изјави таа, нагласувајќи дека ситуацијата на камионџиите се разликува од положбата на прекуграничните работници кои ја преминуваат границата секој ден и веќе имаат одредени исклучоци.

Европската комисија наведува дека во текот на 2026 година, во соработка со земјите-членки, ќе работи на наоѓање специфични законски решенија, вклучително и можноста за усвојување нови правила што би важеле во целата Шенген зона. Целта е да се обезбеди правна сигурност и за возачите и за транспортните компании, а воедно да се зачува безбедноста на надворешната граница на ЕУ.

Засега, роковите и деталите за идниот режим не се прецизирани, но Комисијата за прв пат јасно вели дека проблемот со камионџиите е препознаен на ниво на политиката на ЕУ – и дека се бара системско решение за него.

 

ЕК камионџии решение шенген
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.