НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

При новото задолжување, Владата покуса за 20,9 милиони евра

0
By Нова ТВ on June 5, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Република Македонија вчера повторно се задолжи и тоа во вкупен износ од 61,6 милиони евра.

Беа продадени шестмесечни државни записи во износ од 55,3 милиони евра, како и 5,2 милиони евра во едногодишни државни записи.

Кај државните обврзници, пак, беа понудени такви со рок на достасување од 5 години, а беше продаден износ од 1,1 милиони евра, што беше далеку под бараните 4,88 милиони евра.

Веќе денеска државата треба да врати 62,4 милиони евра од четири претходно одржани аукции, што значи дека овојпат нема да и остане ништо за дополнително трошење.

Она што е интересно во ова задолжување е што банките овојпат понудија помалку средства од оние што ги бараше државата.

Кај шестмесечните државни записи со девизна клаузула, побарувачката на државата беше помала за 9,85 милиони евра, а кај шестмесечните записи без девизна клаузула побарувачката на државата беше поголема за 7,26 милиони евра од понуденото. Ова значи дека кај државните записи Владата се задолжи за 17,11 милиони евра помалку од она што го бараше, а ако се додадат и непродадените државни обврзници во износ од 3,78 милиони евра, ова значи дека вчера Владата остана со 20,89 милиони евра помалку од она што го бараше.

Дали станува збор за нов тренд, во кој побарувачката на државата ќе биде помала од она што ќе го понудат банките или станува збор за исклучок од правилото банките најчесто да нудат повеќе пари од она што и треба на државата, рано е да се каже и ќе треба да се види како ќе се одвиваат следните аукции. Но, во секој случај државата неделава остана со 25 отсто помалку пари од она што го бараше.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.