Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лино Червар ја презеде Хрватска: Сè уште сум гладен за успеси и победи

0
By Нова ТВ on March 18, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 18, 2017 13:48

Лино Червар од денеска и официјално е старо-нов селектор на машката ракометна репрезентација на Хрватска со која во минатото освои шест медали на големите натпреварувања меѓу кои и злато на олимписките игри во Атина во 2004 година. Промоцијата во Загреб се случи на точно една недела по раскинот на соработката со Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

„Си дојдов дома. Животот на тренер со куфер во раце е едно патување. Моето е навистина долго. Трае веќе 40 години од кои 20 минав во странство. Секогаш доаѓа момент кога човек ќе го посака својот дом и семејство. Дома е полесно бидејќи сте опкружени со оние кои ве сакаат“, рече Червар во обраќањето пред јавноста и преземање на тимот на чие чело беше од 2002 година до 2010 година.

Изминатите седум години ги мина во Македонија. Најголем дел од нив како тренер на Металург, а во последните неколку месеци и како селектор на „црвено-жолтите“.

„Сакам да ѝ се заблагодарам на Македонија. Таму бев седум години. Ме дочекаа со раширени раце и бев почитуван“, порача трофејниот ракометен стручњак.

Покрај олимписката титула од Атина, Червар ги водеше „коцкестите“ до злато на СП 2003 година и до сребро на СП 2005, на СП 2009, на ЕП 2008 и на ЕП 2010.

„Иако сум повозрасен за седум години, сепак, сè уште сум гладен за победи, за успеси. Максимално сум мотивиран и не сум сезнајко. Човек учи додека е жив. Не сакам да си го одземам правото на борба до крај. Та сакам да го пренесам на ракометарите“, додаде Червар чија цел ќе биде Европското првенство во Хрватска од 14 до 28 јануари догодина во Хрватска.

Лино Червар Промоција ракомет селектор Хрватска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.