Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Незаконска е одлуката за изградба на улица на кеј

1
By Нова ТВ on March 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 19, 2017 11:15

Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, во однос на вчерашните случувања околу изградбата на подземна улица на кеј, вели Град Скопје и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидуваат да ги кршат законите и да ги манипулираат граѓаните, кои мора да ја знаат вистината за улицата која Град Скопје сака да ја прави на кејот на Вардар и чија е одговорноста за оваа незаконска одлука.

– Во посточекиот ДУП за Мал Ринг, никаде нема предвидено таква улица, туку подземна сервисна улица, како што и јасно се гледа на планот. Град Скопје, под чија ингеренција е кејот, донесе незаконска одлука да го узурпира шеталиштето и да направи сервисна улица, која според  актуелниот ДУП – никаде не постои.

– Лага е дека тоа ќе биде повторно шеталиште или дека улицата ќе биде само за достава. Ако е така, рестораните и сега го користат кејот за достава и затоа нема потреба ништо да се гради. Доколку е потребна сервисна улица за зградата на Телеком, таа мора да биде направена под земја, согласно важечкиот ДУП. Општина Центар досега ја блокираше изградбата на улицата со сите расположливи правни механизми и ќе продолжи тоа да го прави за да се заштити овој дел на кејот на Вардар, вели Жерновски.

Тој упати повик до Државниот инспекторат веднаш да го преиспита ова незаконски издадено одобрение за градба од страна на Град Скопје.

– И како што е практика на ВМРО-ДПМНЕ, ова одобрение, градоначалникот Коце Трајановски го потпишал на 31-ви декември, во ден сабота. Градоначалникот Коце Трајановски и неговата партија мора да разберат дека од пролетта 2013-та година, општина Центар престана да биде полигон за незаконски и криминални активности, потенцира градоначалникот на Центар.

Инспекциските служби на Општина Центар ќе направат увид во постоечката документација и ќе го информираат Државниот инспекторат, за истиот да се произнесе за градбата.

Андреј Жерновски Град Скопје изградба кеј Коце Трајановски одлука Општина Центар подземна улица Телеком
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.