Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со сметките за вода граѓаните ќе ги плаќаат и загубите на Водовод

0
By Нова ТВ on March 22, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 22, 2017 17:32

Загубите на јавните претпријатија кои стопанисуваат со водоводите во земјава ќе влезат во новата цена на водата за пиење, но не се знае дали граѓаните ќе добијат и повисоки сметки за вода за пиење.

„Новата цена на водата за пиење, за наводнување, како и за одвод на отпадните води треба да обезбеди баланс меѓу финансиските трошоци и потреби на јавните претпријатија и социјалниот аспект на граѓаните“, изјави заменик министерoт за животна средина, Стево Темелковски на денешната конференција „Водата и отпадните води“ по повод Светскиот ден на водите.

Темелковски обелодени дека јавните претпријатија се во многу лоша финансиска состојба и располагаат со системи за водоснабдување кои имаат многу загуби на вода, а во некои општини дури има проблем со водоснабдувањето со вода за пиење, а граѓаните плаќаат сметки за услуга што не ја добиваат.

Во Регулаторната комисија за енергетика која со новиот закон ќе ги регулира цените на водата за пиење, за наводнување, како и пречистената отпадна вода велат дека го знаат проблемот со големите загуби и предлага јавните претпријатија сами да ги решат проблемите.

„Од досегашните податоци утврдено е дека имеме висок процент на загуби во системите и затоа претпријатијата ќе мора да ги подобрат техничките карактеристики на системот и да вложат во подобрување на инфраструктурата“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика на РМ, Димитар Петров.

Според него, новиот начин на утврдување на цената на водата треба да придонесе за ефикасност на системите и подобрување на услугата како и достапна цена за граѓаните.

Потребни реформи на системите за водоснабдување во земјава се согласува и раководителот на Одделот за оперативни работи во Делегацијата на ЕУ Мауро Ди Вероли.

„Потребна е реформа на законската рамка која го регулира ова прашање, но и напори за подобрување на инфраструктурата за да се овозможи квалит во водоснабдувањето во општините“, изјави Ди Вероли.

На Светскиот ден на водите беше побарано поразумно однесување, затита и трошење на водата како природно богатство.

вода сметки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.