Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦАС пресече: Намалена казната на Аријан Адеми на две години

0
By Нова ТВ on March 24, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 24, 2017 22:41

Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана, конечно, пресече во случајот со Аријан Адеми. Преполовена е суспензијата за 25 годишниот дефанзивен играч за врска и репрезентативец на Македонија од четири на две години и неговото враќање на фудбалските терени се очекува во октомври во 2017 година.

Одлуката на судот во Лозана ја потврдија и од хрватскиот шампион и, секако, е одлична вест и за селекторот Игор Ангеловски кој во иднина ќе може да смета на одличниот фудбалер од средниот ред.

Аријан Адеми беше суспендиран на четири години по позитивниот допинг тест по мечот против Арсенал во првото коло во Лигата на шампиони на 16 септември во 2015 година. На таквата одлука беше вложена жалба пред дисцилинската комисија на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), но притоа само беше потврдена првичната одлука.

Минатата пролет беше вложена жалба до ЦАС од каде денеска (24 март) стави крај на сагата и ја намали суспензијата на Адеми. Во меѓувреме тој играше фудбал на аматерско ниво, а во Динамо Загреб и во Македонија се надеваат дека ќе успее да се врати на врвното ниво пред добивање на казната. Во моментот на позитивните допинг тестови беше од големо значење за екипата од „Максимир“ и за репрезентацијата на Македонија со богати понуди за трансфер во неколку европски екипи.

Хронологија во допинг случајот со Аријан Адеми

7 октомври 2015 година – УЕФА поведува постапка против Адеми

21 октомври 2015 година – Адеми беше позитивен и на Б тестот

27 октомври 2015 година – одложена одлуката во врска со Адеми

20 ноември 2015 година – Адеми е суспендиран на четири години

13 мај 2016 година – Дисциплинската комисија на УЕФА ја потврди казната за Адеми

28 октомври 2016 година – одложена одлуката на ЦАС

15 февруари 2017 година – одложена одлуката на ЦАС

17 март 2017 година – одложена одлуката на ЦАС

24 март 2017 година – Намалена суспензијата на Адеми на две години

Аријан Адеми Динамо Загреб Лозана Македонија Суд за спортска арбитража суспензија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.