Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зврлевски: Се почесто се злоупотребува следењето на комуникациите

0
By Нова ТВ on March 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 28, 2017 11:54

Прекумерното користење на следењето на комуникациите се почесто се злоупотребува, рече републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски, на денешната меѓународна конференција „Следење на комуникациите – законска рамка и искуства, улогата на јавниот обвинител“ која се одржува во Скопје

„Прекумерното користење на ова исклучително ефикасно средство за борба против организираниот криминал, корупцијата и тероризмот од една страна, но и средство со кое директно се задира во основните човекови права од друга страна, се почесто се злоупотребува. Сведоци сме на обелоденување на тешки злоупотреби на агенциите за разузнавање на овој вид опрема и нивно незаконско користење најчесто со политички цели. Токму нелегалното следење на комуникациите во Република Македонија придонесе нашата држава да се соочи со сериозна општествена криза“, рече Зврлевски.

Тој додаде дека примената на посебни истражни мерки, особено следењето на комуникациите како начин за обезбедување на докази во кривичната постапка за гонење на сериозен вид криминал и зачувување на безбедноста на државата претставува предизвик со кој се повеќе се соочуваат јавните обвинители при своето работење.

Зврлевски вели дека обвинителите со носење на новиот закон за кривична постапка добиле многу поголеми овластувања од претходно, на пример, да спроведува посебни истражни мерки, но како што додаде тој, ова законско решение останало на хартија.

Тој посочи дека иако овластени органи за следење на комуникациите се Јавниот обвинител, Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција и Царинската управа, фактички тоа остана во рацете на МВР бидејќи до денеска тие исклучиво ја поседуваат потребната опрема.

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски рече дека Република Македонија ги следи глобалните трендови во справувањето со организираниот криминал и на полето на реформата на казненото право усвои измени во насока на приближување на казнено-правниот систем до европските стандарди.

„Посебните истражни мерки претставуваат ефикасен правен инструмент во борбата против организираниот криминал и корупција. При нивното дефинирање особено е битно да се води сметка за рамнотежа меѓу слободите и правата на човекот и граѓанинот од една и ефикасноста во справувањето на најефикасните облици на криминал од друга страна. Посебните истражни мерки дефинирани во новиот закон се целосно усогласени со меѓународните стандарди и пракси во оваа област. Нивната примена е битно ограничена и истите се применуваат само тогаш кога е веројатно дека ќе се обезбедат податоци и докази неопходно за успешно водење на кривичната постапка“, истакна Вангеловски.

Јово Вангеловски Марко Зврлевски МВР Следење на комуникациите УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.