Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Алими ја презентираше платформата, Димовски побара нови избори

0
By Нова ТВ on March 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 29, 2017 13:54

Таканаречената Тиранска Платформа е главната тема околу која се кршат копјата во Собранието изминативе три дена. Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни реплики и контра-реплики ја толкуваат самите, повремено добиваат објаснувања од пратениците од ДУИ и СДСМ. што содржи истата.

Поради тоа, Ејуп Аљими од ДУИ, со цел како што вели да се отстранат дилемите, јавно ги прочита точки опфатени во Платформата, по што Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара распуштање на Парламентот и предвремени парламентарни избори.

Првата точка, како што потенцираше пратеникот на ДУИ е постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот Договор и Уставот.

– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде Албанците се сметаат како државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива која ja зајакнува националната рамноправност за албанското население. Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”. Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност. Усвојување на Резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година, читаше тој.

Тој рече дека платформата предвидува постигнување економска рамноправност и општествената благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој.

– Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините. Создавање министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја. Остварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата. Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции, изјави пратеникот на ДУИ.

Декларацијата предвидува, вели тој, и целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.

-Зајакнување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес. Спроведувањето на реформите во согласност со Договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија како и Препораките од Пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ. Поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди. Целосно расчистување на прашањата и судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган, рече Халими.

По ова, Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека јасно е дека платформа постоела, и со цел таа да излезе како програма пред изборите, ако постигнат гаранција, собраниски спикер би се избрал уште денес а кој веднаш ќе распише нови избори на кои СДСМ и ДУИ би можеле истата да ја предложат за гласање.

– Доколку со неа ги добиете гласовите од граѓаните, ќе ве оставиме без проблем, сите од ВМРО-ДПМНЕ, да ги спроведете идеите кои ги презентирате, рече Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ избори Илија Димовски Платформа Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.