Специјалното јавно обвинителство го повлече барањето до Врховен суд со кое се бара предметот за притворот на Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ да се врати на повторно одлучување, а го поднесе Основното јавно обвинителство.
Во образложението на СЈО се вели дека единствен надлежен да постапува по случаи кои произлегуваат од прислушуваните разговори е Специјалното јавно обвинителство.
„Јас како Јавен обвинител сум исклучиво надлежна да постапувам по предметите поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите во сите судски инстанци. Поради тоа денес со поднесок испратен до Врховниот суд на Република Македонија го повлеков барањето за заштита на законитоста поднесено од Јавното обвинителство на Република Македонија“, вели специјалната обвинителка, Катица Јанева.