НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЗНМ: Заклучокот на Советот за Извештајот на АВМУ е политички мотивиран

0
By Нова ТВ on March 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здружението на новинари на Македонија денеска обвини дека Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најверојатно по нечиј диктат усвоил нов заклучок на Извештајот за работа на Агенцијата за 2016 годна и не ја прифатил констатацијата дека во неколку наврати на Сител и во емисијата на Миленко Неделковски се користел говор на омраза. Исто така не е прифатен заклучокот дека телевизиите „Алфа“ и „Нова“ на Сеад Кочан континуирано ги прекршувале професионалните стандарди.

„Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера го усвоил Извештајот за работа на АВМУ за 2016 година, изготвен од стручната служба, во кој на објективен начин се претставува работата на националните телевизии од изминатата година. Врз основа на мониторингот на програмата на националните телевизии, во извештајот се констатира дека во неколку наврати на ТВ Сител и во емисијата на Миленко Неделковски која се прикажуваше на ТВ Канал 5 се користел говор на омраза. Исто така, во извештајот се нотира дека има континуирано прекршување на професионалните стандарди од страна на ТВ Алфа и на ТВ Нова. Советот, наместо да го одобрат извештајот, усвоиле нов заклучок, кој не се базира со анализата на стручната служба на Агенцијата, туку на личното убедување на членовите: Лазо Петрушевски, Селвер Ајдини, Миљаим Фетаи и Алма Машовиќ дека ТВ Сител, ТВ Нова, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, Телма, 24 Вести и ТВ Шења, биле политички пристрасни“, велат од ЗНМ.

На ваквите оценки на претседателот на Советот на Агенцијата Лазо Петрушевски се спротивставил Зоран Фиданоски, член на Советот, кој побарал да се одбие ваков заклучок.

„Овој став е политички мотивиран и со него се сака да се стави знак на еднаквост меѓу медиуми за кои во мониторингот не биле констатирани прекршувања на професионалните новинарски стандарди, со оние за кои има десетици пријави за прекршување на стандардите и констатиран говор на омраза“, рече Фиданоски, на денешната прес конференција на ЗНМ.

Фиданоски оцени дека Советот со ваквиот заклучок ја девалвира работата на стручната служба на Агенцијата и необјективно ја преставува работата на националните телевизии. Тој се сомнева дека ваквиот заклучок на Советот е донесен по нечиј политички диктат и е целосно спротивен на мисијата на Агенцијата.

Насер Селмани, претседателот на ЗНМ заклучокот на Советот на АВМУ го оцени како непримерен и непрофесионален.

Селмани побара од Собранието на Македонија да не го усвои Извештајот за работата и да го врати на доработка за да се избрише вештачки квалификацијата дека сите национални телевизии биле политички пристрасни.

АВМУ ЗНМ Извештај медиуми Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.