НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата со 800.000 евра ќе финансира невладини здруженија и фондации

5
By Нова ТВ on March 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата денеска распиша оглас за финансиска поддршка на здруженија и фондации во вредност од 50 милиони денари или 800.000 евра.

Со овие пари, пишува во огласот објавен во дневен весник, ќе бидат поддржани програмски активности преку грантови кои се поделени во две категории.

Грантови  во висина од 30.000 до 50.000 евра или вкупно 600.000 евра ќе бидат доделени за следниве цели:

Борба против корупцијата, владеење на правото, демократија, човекови права, добро владеење, социјална кохезија и локална самоуправа.

Проекти од областа на здравството и здравиот начин на живот

Економски развој, одржлив развој, рурален развој, култура и традиции

Млади, семејство и семејни вредности

Евроинтеграции

Област на нови технологии, социјални медии, нови медиуми и ИТ технологии

Помали грантови од 5.000 до 10.000 евра или вкупно 213.000 евра ќе им бидат дадени на здруженија кои ќе понудат програми од областа на економијата, интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО, владеење на правото и образование.

Огласот доаѓа само три месеци откако поранешниот премиер, Никола Груевски, во својот говор по изборите на 11 декември пред Државната изборна комисија во ноќта на „долгите ножеви“ најави десороизација на невладиниот сектор.

„Ќе се бориме за десороизација на Република Македонија и јакнење на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и невладините организации по теркот на најнапредните демократии во светот“, рече Груевски.

Во исто време институциите (УЈП и Финансиската полиција) кои се уште се под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, во 30-тина невладини организации веќе два месеца го проверуваат нивното финансиско работење и трансакции од агенцијата за меѓународен развој на САД, USAID.

Владата на чело со премиерот Емил Димитриев е само техничка или преодна влада, чиј мандат треба да трае само до формирањето на нова влада.

Денешниот оглас доаѓа во момент кога земјата се наоѓа во тешка политичка и институционална криза, а јавниот долг секојдневно расте.

Влада десороизација Емил Димитриев здруженија невладини организации Никола Груевски оглас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.