НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шилегов VS. Мукоски – колку ги чини граѓаните конститутивната седница

0
By Нова ТВ on March 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кон крајот на денешното продолжение на конститутивната седница се разгореа репликите и контра-репликите а во кои учествуваа најммногу пратениците од македонските партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Пратеникот Петре Шилегов, за бесконечната расправа која се одвива веќе три дена а ќе продолжи и утре во 11 часот, вели, ниту пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, со тоа што зборувале надвор од точката на дневен ред, не сакале да го гласаат Илија Димовски за претседател на Комисијата за избори и именување, а штета трпеле само граѓаните.

–  Цената која ја плаќаат граѓаните е 20.000 евра дневно. Цената на дневниците за обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој се шета низ Малта исто така чини 20.000 евра. Толку чини политичкото лудило на ВМРО-ДПМНЕ. Колку чини тоа што СДСМ треба да го плати? СДСМ со новата влада ја обезбедува слободата која нема цена, ја ослободуваме Македонија од диктаторскиот режим на Груевски. Македонија ќе биде парламентарна демократија, рече Шилегов.

По него се јави Крсте Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ пак кој рече дека Шилегов зборувал за проценка, кога суверена, независна, унитарна Република Македонија нема цена.

– За жал многу несоодветни споредби правите. Македонија нема цена, тоа е разликата меѓу вас и меѓу нас. Го продадовте името, за Црвенковски продадовте дел од територијата а ова што денес го правите, го продавате унитарниот карактер на Македонија, му се обрати Мукоски на Шилегов.

Според него, СДСМ треба да разреши две работи: Прво да призна дека ја прифатиле т.н платформа, или јавно да кажат дека таква немало.

Груевски Македонија Мукоски Платформа Собрание Шилегов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.