Кандидатите на претседателските избори во Србија на полноќ ја завршуваат кампањата и почнува изборниот молк. Во текот на молкот забранета е било каква пропаганда, митинзи или изнесување на резултати од анкети, а ќе трае се до затворањето на избирачките места на 2 април во 20 часот.
За петти претседател на земјата во конкуренција се 11 кандидати. Досега шефови на државата биче Слободан Милошевиќ (два мандати), Милан Милутиновиќ, Борис Тадиќ (два мандати) и Томислав Николиќ.
Според редоследот на гласачкото ливче тоа се: Саша Јанковиќ (кандидат на група граѓани „За Србија без страв“), Вук Јеремиќ (група граѓани „Можеме подобро“, Мирослав Паровиќ (Народно слободарско движење), Саша Радуловиќ (Доста беше“, Лука Максимовиќ алијас Љубиша Прелетачевиќ (Бели-само јако), Александар Вучиќ (кандидат на владејачката коалиција), Бошко Обрадовиќ (Двери), Милан Стамантовиќ (претседател на општина Чајетина) и Ненад Чанак (Лига на социјалдемократска Војводина).
Граѓаните ќе гласаат на 8.523 избирачки места во земјата и 53 во странство, во 32 држави.