Над 100.000 куќи се без струја, како последици на ураганот Деби што зафати подрачје од 1.000 километри и нанесе голема штета, поради што десетици илјади Австралијанци се заробени поради поплави на источниот брег на земјата.
Многу мостови се урнати, уништени се патишта, објави Ројтерс. Шест големи реки достигнале ниво на поплави, а водостојот и натаму расте, соопшти австралиското Биро за метеорологија.
Би Би Си претходно, повикувајќи се на полицијата, јави дека две жени загинале.