Бастијан Швајнштајгер ги оправда очекувањата на навивачите и на управата на Чикаго уште во дебитантскиот настап за „фаерси“ во американската фудбалска лига. Германскиот интернационалец постигна гол во мечот против Монтреал Импактс што заврши без победник – 2:2 во рамки на четвртото коло од новата сезона.
https://www.youtube.com/watch?v=2_zh74G8vvU
Швајнштајгер погоди со глава по нафрлување на Акам. Германецот беше стартер и ги одигра сите 90 минути за тимот на чија клупа е Вељко Пауновиќ. Чикаго е на седмото место во Источната конференција со скор од победа, пораз и два нерешени исхода.