НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангелов: ВМРО-ДПМНЕ е во Влада со носител на албанската платформа

0
By Нова ТВ on April 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Груевски ги повикува граѓаните да ја одбранат Македонија од нападот со албанската платформа, тој е во коалиција со ДУИ, партијата која е носител на платформата, изјави денес на прес конференција Стојанче Ангелов, лидерот на “Достоинство”. И додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има легални алатки со кои може да ги закочи законите со кои би била загрозена македонската унитарност доколку СДСМ се обиде на мала врата да протне ваков закон.

Тој го повика ВМРО-ДПМНЕ да излезе од владата во која седат со ДУИ, партијата носител на албанската платформа од која наводно ја бранат Македонија. Ангелов ги повика и демонстрантите од „За заедничка Македонија“ да извршат притисок врз министрите на ВМРО-ДПМНЕ кои уште коалицираат со партија која, како што велат, сака да ја федерализира Македонија.

“Никола Груевски објави дека Македонија е нападната и ги повика граѓаните да излезат на улица и да ја одбранат. Според него, нападот е извршен со таканаречената албанска платформа која наводно го загрозува македонскиот суверенитет и претставува опасност за федерализација.

Носители на платформата се албанските политички партии помеѓу кои и ДУИ. Во овој момент функционира техничка влада од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Во исто време додека Груевски ги повикува граѓаните да ја одбранат Македонија од нападот со платформата, тој е во коалиција со партијата која е носител на платформата, ДУИ, рече Ангелов.

Затоа ги повикуваме Никола Груевски, Емил Димитриев и сите министри да дадат неотповиклива оставка и да престанат да бидат во коалиција со тие што ја напаѓаат Република Македонија. Доколку една третина од министрите дадат оставка, Собранието треба да поведе постапка за избор на нова влада”, рече Ангелов.

Тој им се обрати и на водачите на протестите “За заедничка Македонија” и ги повика да направат притисок врз “ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти владата во која се со една од партиите која ја загрозува македонската унитарност”.

“Таканаречената албанска платформа е политичка платформа, тоа не е мировен договор, нејзиното спроведување зависи од политичката волја на партиите кои ќе ја сочинуваат идната влада. Зоран Заев беше јасен, дека ниедно барање од платформата кое излегува од рамките на Уставот нема да биде имплементирано во закон. Доколку СДСМ се обиде на мала врата да протне закон со кој ќе биде загрозена македонската унитарност, ВМРО-ДПМНЕ има легални алатки со кои може да ги закочи ваквите закони.

Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да се ослободат од стравот дека некој ќе ја федерализира Македонија, зошто тие со ваквата иста тактика со која го блокираат Собранието, како опозиција ќе бидат гарант дека нема да може да пројде ниту еден закон во Собранието”, рече Ангелов.

албанска платформа Влада ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Стојанче Ангелов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.