Лидерот на Демократската албанска опозициска партија Лулзим Баша бара одлагање на парламентарните избори во Албанија кои се закажани за 18 јуни.
„Во оваа земја нема услови за коректни избори бидејќи криминалната и корумпирана влада на Еди Рама истите ќе ги манипулира“, изјави Баша.
Тој побара формирање на техничка влада која ќе ги организира изборите. Во спротивно избори не може да има и најави дека протестите кои во Тирана ги одржува опозицијата во шатори поставени пред Владата ќе продолжат.
Премиерот на Владата, социјалистот Еди Рама рече дека без разлика на барањата на опозицијата, во Албанија ќе има избори на 18 јуни годинава.
Но, претседателот на Собранието и лидер на Социјалистичкото движење за интеграција Илир Мета, кој е во владината коалиција, изјави дека не треба да се одржат избори без опозицијата.