Ѓорѓе Иванов не смее повеќе да штити криминалци и мора да овозможи мирен трансфер на власта, реагираа денеска од СДСМ на изјавата на претседателот Иванов.
„Европа и светот гледаат дека однесувањето лично на Ѓорге Иванов не се заснова на демократски начела, пристојност и здрав разум! Затоа е таква и последната порака од лидерите и институциите на ЕУ, што во Македонија ја пренесе претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Иванов и Груевски не смеат повеќе да работат на создавање бинационална држава и да го кочат заедништвото, посебно кога е тоа јасно нагласено за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО“, пишува во соопштението на СДСМ.
Од партијата велат дека со ваквото негово однесување, Иванов претставува директна закана за државните интереси на Република Македонија.