Челзи се врати во Лондон со три бода од уште едно гостување. Овојпат ги понесе од Дорсет на југот на Англија по триумфот над Борнмут со 3:1 во рамки на 32. коло во Премиерлигата и остана на плус седум од Тотенхем во борбата за шампионската титула.
Адам Смит во автогол во 17 минута, Еден Азар преку контранапад во 20 минута и Маркос Алонсо со прекрасен гол од слободен удар во 68 минута беа стрелци за „сините“ во 24 победа во сезоната. Единствениот за домашната екипа го потпиша Џошуа Кинг во 42 минута чиј „проектил“ беше неодбранлив за Тибо Куртоа.
Тотенхем останува на седум бода од Челзи и единствен сериозен конкурент за тронот на премиерлигашот од „Стемфорд бриџ“. „Спарси“ на својот „Вајт Харт Лејн“ го декласираа Вотфорд со 4:0 со два гола на Сон Хеунг Мин во 44 минута и во 55. и по еден на Али во 33. и Даер во 39.
Улогите на фаворити ги оправдаа уште два англиски великана. Ливерпул со пресврт го совлада Стоук на „Британија“ со 2:1, а Манчестер сити на „Етихад“ го порази Хал со 3:1.
Премиерлигашката рунда продолжува денеска со два меча. Манчестер јунајтед од 14.30 ч. му гостува на последнопласираниот Сандерленд, Евертон на „Гудисон“ од 17 ч. го чека шампионот Лестер. Колото ќе биде заокружено утревечер (понеделник, 20.45 ч.) со дуелот меѓу Кристал палас и Арсенал.
Премиерлига, 32 коло
Резултати
Борнмут – Челзи 1:3
Вест Хем – Свонси 1:0
ВБА – Саутемптон 0:1
Стоук – Ливерпул 1:2
Мидлсборо – Барнли 0:0
Манчестер сити – Хал 3:1
Тотенхем – Вотфорд 4:0
Сандерленд – Манчестер јунајтед (недела, 14.30 ч.)
Евертон – Лестер (недела, 17 ч.)
Кристал палас – Арсенал (понеделник, 21 ч.)
Табела: Челзи 75 (-1), Тотенхем 68 (-1), Ливерпул 63, Манчестер сити 61 (-1), Арсенал 54 (-3), Манчестер јунајтед 54 (-3), Евертон 51 (-1), ВБА 44, Саутемптон 40 (-2), Вотфорд 37 (-1), Лестер 36 (-2), Барнли 36, Стоук 36, Вест Хем 36, Борнмут 35, Кристал палас 31 (-2), Хал 30, Свонси 28, Мидлсборо 24 (-1), Сандерленд 20 (-2).