НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борусија Д. на мета: Експлозивот бил скриен во грмушка крај хотелот

0
By Нова ТВ on April 12, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мета на експлозивни направи во Дортмунд биле фудбалерите на Борусија. Бомбите биле активирани во моментот кога нивниот автобус поаѓал од пред хотелот кон стадионот „Вестфален“ на меч со Монако во Лигата на шампиони.

Марк Бартра е единствениот повреден во инцидентот поради кој УЕФА го одложи фудбалскиот натпревар за утре попладне (18,45 ч.), но не е животно загрозен. Се огласи и лично играчот, неговата состојба ја потврди и Ханс-Јоаким Вацке, генерален директор на бундеслигашот.

„Има повреда на раката што не е опасна по живот“, истакна Вацке.

Тој откри за известување што го добил од полицијата дека експлозивот бил скриен во грмушка кај излезот од хотелот и направата била активирана при минување на автобусот. Притоа нагласи дека сите во клубот се наоѓаат во „тотален шок“ по инцидентот.

„Треба да се обидеме да ја „свариме“ ситуацијата бидејќи ќе играме во период од 24 часа. Тоа е наша работа. Екипата е во шок“, додаде Вацке.

За немилиот настан што, за среќа, мина без посериозни последици се отвори и Роман Бирки, голман на Борусија, кој истакна дека ја почувствувал експлозијата во моментот кога автобусот почнал да се движи.

„Беше голема, силна експлозија. Бевме во шок. Никој не мислеше на натпреварот“, нагласи Бирки кој седел во последниот ред на автобусот до Бартра кој е единствено настрадан по парчињата стакло. Фудбалерите веднаш побарале засолниште бидејќи не биле сигурни дали ќе следува нова експлозија, а полицијата брзо пристигнала на местото на настанот.

Борусија Д. експлозија Лига на шампиони Роман Бирки фудбал Ханс Јоаким Валке
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.