Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: По кој пат сака да тргне Унгарија

1
By Светлана Јовановска on April 12, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 12, 2017 15:26

Колеџот на Европската комисија (ЕК) денес посвети добар дел од денот на дебата за оваа земја. Теми беа унгарскиот закон за високо образование со кој Унгарија сака да ја забрани работата на Универзитетот на југо-источна Европа, нацрт законот за странско финансирање на невладините организации, националната консултација наречена «Стоп за Брисел» и постапките на Унгарија во однос на бегалците и нивната дискриминација како и одбивањето на Унгарија на прими бегалци на својата територија.

ЕК одлучи можеби кон крајот на овој месец да отвори прекршочна постапка против Унгарија.

Но исто така сака да отвори дебата со унгарската влада за да се види по кој пат сака да тргне Унгарија.

“Накусо, целата ситуација во Унгарија е причина за загриженост за Комисијата. Колеџот на комесарите оттука одлучи да почне политички дијалог со Унгарија, другите земји членки и Европскиот парламент”, изјави потпретседателот на ЕК Франс Тимерманс.

“Каде сакате да ја водите вашата земја? И кое е вашето место во ЕУ? Каква е вашата визија?”, се прашањата што ЕК и земјите членки на ЕУ сакаат да му ги постават на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

ЕК исто така одлучи самата да одговори на националната кампања “Стоп за Брисел”. Унгарската влада испрати прашалник до сите домаќинства во земјата. Секое домаќинство добива прашалник и треба да одговори на шест прашања како “што би требала да направи Унгарија ако Брисел сака да ги пушти мигрантите илегално да влегуваат и покрај неодамнешната серија терористички напади во Европа”.

Според претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер овој прашалник “зборува повеќе за авторот на прашалникот отколку за состојбата во ЕУ”. Јункер е познат како човек со малку влакна на јазикот и ова не е прв пат да му каже на Орбан што мисли за него. Во 2015 година Јункер го пречека Орбан на еден самит со зборовите: “Здраво диктатору!”

Акциите на Брисел даваат и резултат. Во 2014 година Орбан се откажа од данокот за интернет поради критиките на ЕК ни и поради протестите што оваа идеја ги предизвика во земјата.

И овој пат законот за забрана на работата на Универзитетот за југо-источна Европа (познат како Сорос универзитет бидејќи е основа од американско-унгарскиот милијардер) извадија на улица десетици илјади Унгарци кои речиси секој ден демонстрираат.

Политиките на Орбан повеќе не поминуваат ни во неговото политичко семејство. Десната демохристијанска Европска народна партија (ЕНП) во Европскиот парламент одлучи конечно да излезе со став против Орбан:

“Витално е да бидат почитувани академската слобода и автономија во Унгарија за да се гарантира отвореност и плуралност во нашите општества”, изјави претседателот на ЕНП Жозеф Дол.

Тимерманс денес на прес конференција во Брисел беше запрашан што мисли за законот кој е против овој Универзитет.

“Најголемиот политички настан во мојот живот, а така ќе биде и денот кога ќе умрам, е крајот на европската поделба и падот на Берлинскиот зид. Се сеќавам на Унгарија кога ѕидот постоеше. Татко ми работеше во холандската амбасада во Будимпешта во раните 80те години. Кога идев ов Будимпешта минував низ железни влезови. Ги имав тоа чувство на угнетеност и чувството на олеснување кога ја напушташ земјата и се враќаш во Австрија. Тоа повеќе го нема. И тоа е најголемото достигнување на нашата генерација. Затоа ќе продолжам да се борам за слобода, отвореност и европска соработка. Универзитетот на југио-источна Европа е бисер во круната на централна Европа кој обучува нова генерација европски лидери кои западот и истокот го гледаат како географски поим а не морална и политички поим. Тој е толку голема вредност што заслужува да биде заштитен. Затоа јас и моите колеги толку отворено зборуваме за овој универзитет”, изјави Тимерманс.

 

Виктор Орбан Европска комисија Европска народна партија Жан-Клод Јункер Унгарија Универзитет Универзитет на југо-источна Европа Франс Тимерманс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.