Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: Вардар и Шкендија со гол до три бода, Работнички најефикасен

0
By Нова ТВ on April 15, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 15, 2017 21:50

Вардар и Шкендија останаа на 11 бода разлика на врвот на табелата, Работнички му побегна на Пелистер на девет во битката за третото место, Ренова се израмни со Силекс на 35 на средината, Шкупи станува се побезбеден прволигаш, а Победа, Брегалница и Македонија Ѓ.П. остануваат најзагрозени на дното.

По еден гол им беше доволен на „црвено-црните“ екипи во домашното фудбалско првенство да додадат нови три бода на контото во мечевите од 27 коло. Дејан Блажевски го постигна за вардарци во 63 минута за триумфот над Силекс, во Кратово, со 1:0. Марјан Радески, пак, беше стрелец за Шкендија против Пелистер на гостувањето во Могила.

Еден гол ѝ заврши работа и на Ренова во мечот на домашен терен со Победа. Арѓент Гафури беше стрелец за „гипсарите“ во 24 минута за осма победа во шампионатот.

Најефикасни на Велигден беа фудбалерите на Работнички. На „Телеком арена“ ја совладаа Брегалница со 3:1 и го направија, можеби, решавакиот исчекор кон квалификациите за Лига Европа. Капитенот Душко Трајчевски го отвори резултатот во четвртата минута, дебармаалци зголемија на 2:0 со автоголот на Стефан Коцев во 16 минута, третиот беше дело на Суад Сахити во 53 минута. Почесниот за штипјани го реализира Лазар Илиев во 75 минута.

Голови немаше само во Ѓорче Петров во средбата меѓу Македонија и Шкупи.

Прва лига, 27 коло

Резултати

Силекс – Вардар 0:1

Пелистер – Шкендија 0:1

Работнички – Брегалница 3:1

Ренова – Победа 1:0

Македонија Ѓ.П. – Шкупи 0:0

Табела: Вардар 65, Шкендија 54, Работнички 46, Пелистер 37, Силекс 35, Ренова 35, Шкупи 29, Победа 23, Брегалница 19, Македонија Ѓ.П. 18.

Идно коло (23 април): Шкупи – Вардар, Силекс – Шкендија, Работнички – Македонија Ѓ.П., Пелистер – Победа, Ренова – Брегалница.

Вардар Прва лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.