Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардар славенички во Германија

22
By Нова ТВ on April 22, 2017 СПОРТ
Фото: rkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 22, 2017 19:43

Вардар носи плус два од Германија по првиот четвртфинален меч во Лигата на шампиони. Совладан е Фленсбург во неговата „Фленс арена“ со 26:24 што е фантастична основа за надеж дека Фајналфорот е, конечно, на дофат по трите неуспешни мисии во минатото. Јакобсен беше прв стрелец во натпреварот со шест погодоци, по пет за „црвено-црните“ реализираа Душебаев и Циндриќ кој заврши одлична работа во офанзива во отсуство на Игор Карачиќ. Попладне на ниво имаше и Штербик кој одбрани 16 удари.

Одлично прво полувреме имаа вардарци во „Фленс арена“. Го одиграа, можеби, најдоброто во целата сезона кога најмногу требаше. Функционираа како што посакуваа од сите позиции. Заканите кон Андерсон одеа по двете страни и од пикерската позиција, а Арпад Штербик, со осумте интервенции за 30 минути, беше пречка за фрустрации кај германските ракометари. Потврда за цврстата игра во одбрана беа, само, деветте примени гола и 15 постигнати што ја отсликуваат извонредната реализација во напад.

Второто полувреме донесе менување на сликата на теренот и резултатскиот тек на семафорот. Фленсбург ја подигна играта, кај Вардар дојде до опаѓање во одбрана, пред се, што како последица донесе до полесно градење на позиции за шутеви на противничките ракометари. Предноста на македонскиот шампион се стопи до два разлика, но и остана по последниот звук на сирената. Резултатот е одличен. Да се победи бундеслигаш на негов терен, па уште и во нокаут фаза, не е мала работа. Меѓутоа не смее да се заборави дека, сепак, е бундеслигаш кој има капацитет да одигра подеднакво добро и дома и во гости.

Реваншот во Скопје во четврток (19 ч.) ќе почне со два гола предност за Вардар на хартија. Во мислите треба да почне како да е 0:0, да се одигра фокусирано, борбено и ефикасно како што беше случај во првото полувреме денеска, да се намалат техничките грешки и со поддршка од трибините да се премости последната пречка до Фајналфор турнирот во Келн.

Фленсбург – Вардар 24:26 (9:15)

Сала: „Фленс арена“ во Фленсбург. Гледачи: 5.500. Судии: Ненад Крстич и Петер Љубич (Словенија).

Фленсбург: Андерсон, Мелер (5 одбрани), Карлсон, Магнусен 1, Гландорф 2, Могенсен 2, Сван 1, Ване 3, Ѓорѓиќ, Јакобсен 6, Хајнл, Тофт Хансен, Готфридсон, Шмит 4, Мае 3, Радивоевиќ 2. Тренер: Љубомир Врањеш.

Седмерци: 2/3. Исклучувања: 8 минути. Технички грешки: 15.

Вардар: Штербик (16 одбрани), Милиќ, Стоилов, Фереира Мораес 2, Македа 1, Деревен, Карачиќ, Душебаев 5, Абутовиќ, Канелјас 1, Циндриќ 5, Чупиќ 4, Дибиров 4, Шишкарев, Борозан 3, Марсениќ 1. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 2/2. Исклучувања: 12 минути. Технички грешки: 17.

Лига на шампиони

Четврт-финале, први натпревари

Фленсбург – Вардар 24:26

Веспрем – Монпелје 26:23

Утре играат

ПИК Сегед – ПСЖ (17 ч.)

Кил – Барселона (17.30 ч.)

Вардар Лига на шампиони ракомет Фленсбург Четврт-финале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.