Тотенхем го доби Арсенал во дербито на 34 коло во англиската Премиерлига и на северен Лондон. Екипата од „Вајт Харт Лејн“ славеше со 2:0 и за првпат по 22 години ќе биде пред „топчиите“ на Венгер на крај на сезоната.
„Спарси“ упатија 20 удари кон Петр Чех од кои 11 одеа во рамки на неговиот гол. Го совладаа Деле Али во 55 минута и Хари Кејн во 58., негатива што гостите не успеаја ниту да ја ублажат и остануваат на шестото место на табелата со 60 бода.
Фановите на Тотенхем со иронична порака до францускиот менаџер на тимот од „Емирати“. Истакнаа транспаренти со шеговита содржина „Арсен Венгер, ние сакаме да останеш“ како алузија на лошата форма и резултати на Арсенал во ова издание на фудбалскиот шампионат на Островот.
Ова е прва сезона под водство на Арсен Венгер во која Арсенал ќе биде послаби пласиран од Тотенхем. Последен пат тоа беше случај во натпреварувачката 1994/95. Сега „виси“ и настапот на „топчиите“ во Лигата на шампиони. На три кола до крајот имаат пет бода помалку од Манчестер јунајтед и шест од Манчестер сити и се поизвесно е дека наесен ќе бидат учесници во Лига Европа.
Премиерлига, 35 коло
Тотенхем – Арсенал 2:0
Мидлсборо – Манчестер сити 2:2
Евертон – Челзи 0:3
Манчестер јунајтед – Свонси 1:1
Кристал палас – Барнли 0:2
ВБА – Лестер 0:1
Сандерленд – Борнмут 0:1
Стоук – Вест Хем 0:0
Саутемптон – Хал 0:0
Вотфорд – Ливерпул (понеделник, 21 ч.)
Табела: Челзи 81 (-1), Тотенхем 77 (-1), Ливерпул 66 (-1), Манчестер С. 66 (-1), Манчестер 65 (-1), Арсенал 60 (-2), Евертон 58, ВБА 44 (-1), Саутемптон 41 (-2), Борнмут 41, Лестер 40 (-1), Стоук 40, Вотфорд 40 (-2), Барнли 39, Вест Хем 39, Кристал палас 38, Хал 34, Свонси 32, Мидлсборо 28, Сандерленд 21 (-1).