Јута триумфира во мајсторката со Л.А. Клиперс со 104:91 и се проби до полуфинале во Западната конференција во НБА плеј-офот. „Џезерите“ во наредната фаза го очекува серија средби со Голден Стејт.
„Клиповите“ само еднаш беа во предност во решавачкиот дуел со Јута на домашен терен. Водеа со 5:4 во воведниот дел по што гостите ја презема иницијативата и поставија курс за брејк од кој не отстапија до крај. Екипата од Лос Анџелес ги имаше Деандре Џордан кој заврши со дабл-дабл ефект (24 поени, 17 скока), Џамал Крафорд додаде 20, Крис Пол уфрли 13 меѓутоа недоволно за пресврт и победа над инспиративните гости од Солт Лејк Сити.
Дефинитивната одлука за победникот падна во третиот период. Јута го неутрализира Крис Пол, главниот креатор на играта на клиперси, и во последната четвртина влезе со 21 кош разлика. Гордон Хејворд со 26 поени и осум скока и Џорџ Хил и Дерик Фејворс по 17 беа најистакнати поединци меѓу „џезерите“.
Бостон го совлада Вашингтон со 123:111 за водство со 1:0 во полуфиналето во Источната конференција. „Визардси“ влегоа во натпреварот со серија од 16:0, а првата четвртина ја добија со 38:24. Одговорот на домашните следуваше веќе во наредниот период и во финишот успеаја до израмнување. Кон средина на третата четвртина за првпат поведоа со 73:71 и до крај не дозволија да се вратат во минус.
Ајзеа Томас со 33 коша беше прв стрелец кај Бостон, Бредли Бил реализира 27 за Вашингтон.
НБА плеј-оф
Источна конференција, полуфинале
Бостон – Вашингтон 123:111 (резултат во серијата 1:0)
Западна конференција, четврт-финале
Л.А. Клиперс – Јута 91:104 (3:4)