Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД: Секој кој извршил или организирал напад на пратеници да одговара

1
By Нова ТВ on May 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 4, 2017 16:31

Нема простор за насилство во демократските процеси, и секој кој извршил, организирал или наредил напад врз пратениците, треба да одговара, порачува амбасадорката на САД во ОБСЕ, Кејт М. Брнс.

Во обраќање кон претседавачот со ОБСЕ, Австрија, а во однос на последните случувања во Македонија, Брнс вели, САД строго ги осудуваат нападите врз народните избраници и останатите, и дека се подготвени да работат со новиот собраниски спикер, Талат Џафери.

– Строго го осудуваме насилните напади врз пратениците во македонскиот Парламент кои се случија по изборот на Талат Џафери за нов спикер. Ќе работиме со него и Парламентот за поддршка на демократијата и да и помогнеме на Македонија да се движи напред кон европскиот пат. Нема прстор за насилство во демократскиот процес. Изразуваме длабока солидарност со повредените пратеници и другите повредени. Бараме од властите да гарантираат безбедност за пратениците, темелно да ги истражат нападите и секој кој извршил, организирал или наредил напад, да одговара, потенцира амбасадорката.

Напоменувајќи дека САД и нивните сојузници во НАТО, како и партнерите од ЕУ, одблизу ги следат случувањата во Македонија, таа вели како стратегиски партнер и пријател на Македонија, и со целосна почит на нејзиниот суверенитет и унитарност, САД ги повикува сите страни да ги стават интересите на Македонија и на граѓаните на прво место, да работат конструктивно и целосно да ги имплементираат обврските од Договорот од Пржино.

– Од партиите бараме да ги надминат разликите мирно и да ги почитуваат законите и демократските процеси во Македонија. Само така може да се надмине политичката криза, почитувајќи ги законите и волјата искажана од страна на граѓаните на изборите во декември, порачува Брнс.

 

демократски процес напад насилство ОБСЕ САД Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.