Кире Ѓеоргиевски и неговиот татко И.Ѓ. утрово околу 6 часот биле приведени во нивниот дом за напад кој го извршиле над пратеникот Зијадин Села во Собранието на 27 април.
Двајцата се товарат за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело.
Утрово, по наредба на судија на претходна постапка бил извршен и претрес во домот на Ѓеоргиевски и биле пронајдени и одземени патики со траги слични на крв, облека и три мобилни телефони.
„К.Ѓ. заедно со неговиот татко Ц.Ѓ. (68) се приведени во ПС Кисела Вода. При преземањето на мерките и активностите било утврдено дека во салата 3, каде се одржувала прес конференција, Ц.Ѓ. најпрвин фрлил стол, а К.Ѓ. фрлал разни предмети кон присутните пратеници, по што двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот З.С. “, пишува во соопштението на МВР.
https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/463017257367834/
Од министерството соопштија и дека вчера на информативен разговор бил повикан И.К. од Скопје. И.К. се сомничи за напад на лидерот на опозицијата Зоран Заев и затоа што фрлил столица кон собраниското обезбедува. По разговорот И.К. бил ослободен, а МВР против него ќе поднесе кривично дело поради основано сомнение дека сторил кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејство.
„Откако И.К. влегол во салата каде се одржувала прес конференција, со употреба на физичка сила го нападнал пратеникот З.З., а воедно фрлил стол кон вработени од обезбедувањето“, информираат од МВР.
СВР Скопје, во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје, и понатаму преземаат мерки и активности во врска со настаните што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните, а се работи и на повикување на лица на службени разговори кои досега се идентификувани како лица кои биле присутни или учесници во настаните во Собранието на Република Македонија на критичниот ден.