Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ЛШ: Јувентус против Реал М. за трофејот во Кардиф

0
By Нова ТВ on May 10, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 10, 2017 23:52

Реал М. и Јувентус ќе играат во финалето на Лигата на шампиони за оваа сезона. Атлетико вечерва славеше на „Висенте Калдерон“ со 2:1, но „кралскиот“ клуб ќе истрча на „Милениум“ во Кардиф на 3 јуни на мегдан со италијанскиот првак благодарение на убедливиот триумф со 3:0 на првата средба.

Чудо малку кој очекуваше во реваншот меѓу мадридските ривали. Дека е можно најавија домашните кои во само четири минути анулираа два гола од негативата. „Јорганџиите“ поведоа во 12 минута преку Нигез по асистенција на Коке, а на 2:0 зголеми Гризман од белата точка во 16 минута.

Тежиштето на играта од тој момент се пренсе на средина на тревникот. Реал успеа да ги амортизира налетите на Атлетико и во 42 минута да стави крај на сите дилеми околу победникот во двомечот. Иско, по додавање на Тони Крос, погоди за намалување на 2:1, гол што се покажа како решавачки за 16 финале за „кралевите“ во ЛШ.

Тимот на Диего Симеоне не застана во продолжение на средбата. Најсериозните закани за трет погодок беа оние на Гамеиро и Караско во 67 минута пришто Кејлор Навас не дозволи повторно да биде матиран. Последните 20-тина минути не донесоа особени возбудувања, Реал М. ја имаше контролата и рутински го приведе натпреварот до крај.

Јувентус, пак, синоќа во Торино го порази Монако со 2:1 и со вкупни 4:1 се најави во престолнината на Велс.

Лига на шампиони

Полуфинале – реванш мечеви

Атлетико М. – Реал М. 2:1 (резултат од прв меч 0:3)

Јувентус – Монако 2:1 (2:0)

Атлетико Мадрид Лига на шампиони Полуфинале Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.