Новата членка на Демократската партија на Косово, Арбана Џара ноќеска била брутално нападната пред нејзиниот стан во Приштина, објави порталот „Коха“.
Џара се наоѓа во Клиничкиот центар во Приштина и нејзината состојба моментално е стабилна.
Нападот се случил околу 1 часот по полноќ, а во болницата била донесена од нејзините колеги од партијата.
Мотивите за нападот се уште не се познати.
Џара е главна уредничка на весникот Зери, а минатата недела стана членка на ДПК која ја води Кадри Весели.
Изминатите неколку месеци, Џара неколку пари беше мета на вербални напади.