НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Валандово ја одложи одлуката за референдум за Казандол

0
By Нова ТВ on May 13, 2017 ПОЛИТИКА
фото; СДК.МК
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот на општина Валандово ја одложи одлуката за референдумско изјаснување на граѓаните по прашањето „дали се ’за’ или ’против’ работењето на рудниците во „Казандол и Башибос“.

Доцна синоќа Советот на општината со 8 гласа ЗА, донесе одлука  граѓанската инцијатива „Спас за Валандово“ да ги собере потребните 2.000 потписи за да може локалната самоуправа да распише референдумско изјаснување на жителите за отварање на рударскиот  комплекс  Казандол.

Одлуката е донесена по двочасовна расправа, откако претседателката на Советот Јасмина Сечкова  под изговор дека иницијативата е „,неуредна“, не сакаше да се расправа за иницијативата поткрепена со 260 потписи прифатена и од ДИК.

Инвеститорот, украинската компанија „Сардич МЦ“, веќе работи на терен за подигање на постројката за произвдоство на катоден бакар. Камен темелникот го поставија во август минатата година, но членовите на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ сметаат дека никогаш не е доцна да се реагира, бидејки човечкото здравје и чистата животна средина се многу поважни , наспроти користа од работата на овој капацитет.

Инаку, вчера Советот на Општина Дојран едногласно донесе одлука за и во нивната општина да се одржи референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат за „Казандол“.

Претходно, во Гевгелија се одржа успешен референдум, на кој граѓаните се изјаснија против отворање на рудници на планината Кожуф.

Валандово Дојран референдум Казандол Рудници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.