НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кочан во прединфарктна состојба е примен на Клиниката за кардиологија

1
By Нова ТВ on May 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бизнисменот Сеад Кочан кој е првоосмничен во случајот „Труст“ и два месеци се наоѓаше во бегство откако му беше одреден притвор, ноќеска во прединфарктна состојба бил примен на Клиниката за кардиологија, дознава НОВА од извори во Клиниката.

Како што велат нашите извори, на Кочан му било направено стентирање, а неговиот престој во Клиниката се чува во строга тајност.

Нашите извори велат дека Кочан бил пренесен во некој од апартманите на Клиниката, а за него има отворено медицинско досие во кое се регистрирани сите прегледи кои му биле направени во текот на ноќта.

Врховниот суд денеска и официјално испрати соопштение со кое известува дека решенијата на Кривичниот и Апелацискиот суд со кои се определува притвор на Сеад Кочан биле укинати во четвртокот.

„По вака донесената пресуда, Кривичниот совет на Основен суд Скопје I Скопје ќе треба да одлучува по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поднесена против решението на судијата во претходна постапка со кое е одбиен предлогот за определување на мерка притвор“, пишува во соопштението на Врховен суд.

Како што е наведено во соопштението причините за ваквата одлука се повредите на законите од страна на пониските судови.

Одлуката ја донел петчлен кривичен совет чиј претседател е Јово Вангеловски. Таа е донесена по поднесеното Барање на заштита на законитоста од државниот обвинител Марко Зврлевски.

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 кој одлучи да му одреди мерка притвор на Кочан, што потоа ја потврди Апелацискиот суд Скопје, со новиот распоред од претседателот Стојанче Рибарев, веќе не постои.

Според новиот распоред, за жалбата на СЈО ќе одлучува нов кривичен совет, во состав на судијките Моника Бахчовановска, сопруга на Владимир Бахчовановски – висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, потоа Софија Лаличиќ, која во прислушуваните разговори Сашо Мијалков и соопштува дека ја избрале за судија и Љубинка Башевска, судијката која го водеше случајот „Пуч“ и одбиваше да го викне единствениот сведок на СЈО, експремиерот Никола Груевски, и која го одложи случајот на неопределено време.

бегство Врховен суд Клиника за кардиологија Кривичен суд Сеад Кочан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.