Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тодоров потпиша договор за изградба на Клинички, Груевски во прв ред

2
By Влатко Чаловски on May 19, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 19, 2017 13:07

Министерот за здравство во заминување, Никола Тодоров, денеска потпиша договор за изградба на новиот Клинички центар во вредност од 72 милиони евра. Овој договор кој се потпиша во свечената сала на Владата, се случува во исто време кога во тек се преговорите за состав на новата влада предводена од СДСМ.

Се очекува градежните работи да траат 45 месеци од почетокот на градбата.

Клиничкиот центар ќе го градат „Гранит“ и „Бетон“ и италијанската компанија Инсо Системи.

Во првиот ред на потпишувањето на договорот беше премиерот во заминување, Емил Димитриев, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Пред нив, министерот во заминување, Никола Тодоров рече дека со неговиот тим работеле четири години интензивно со меѓународни консултантски тимови составени од експерти од Шпанија, Германија, Грција и други западноевропски земји со целосна поддршка на Банката при Советот на Европа.

По завршување на церемонијата, Тодоров избегна да одговори на новинарските прашања, кои го прашаа во кое својство го потпишал договорот.

https://novatv.mk/storage/2017/05/output.mp4

– Некои луѓе сакаат нешто да се случи, други посакуваат тоа да се случеше, но оние вистинските прават тоа навистина да се случи. На овој проект јас и мојот тим работевме напорно и посветено. За цело време ја имавме полната поддршка од Владата и од премиерот, но овој проект не е само наш проект, ова е национален проект. Проект на државата Република Македонија. Здравјето не препознава политичка, етничка или каква било припадност и затоа најважно е овој проект целосно и навремено да се реализира со цел што е можно побргу придобивките од новиот клинички центар да ги имаат граѓаните и државата, рече Тодоров при презентацијата на проектот.

Новата зграда на клиничкиот центар ќе биде со нето површина од 46.987 метри квадратни корисен простор, 6.416 метри квадратни проодни тераси и кровни градини и 531 метар квадратен хелиодром.

Објектот ќе се состои од едно подземно ниво, приземје, девет ката и хелиодром за транспорт на пациентите на 10-то ниво.

Бетон ВМРО-ДПМНЕ Гранит Клинички центар Министерство за здравство Никола Груевски Никола Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
ФОКУС
April 20, 2026Updated:April 20, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

ВЕСТИ April 20, 2026

Бугарската социјалистичка партија веројатно испадна од парламентот.

Софија: Првични резултати од изборите – очекувано „Прогресивна Бугарија“ на Радев победник

April 19, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

April 18, 2026

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026
ТИКЕР

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.