Хамбург избегна плеј-аут двомеч и со победата над Волгсбург со 2:1 во последното коло обезбеди директен опстанок во Бундеслигата. Херој на стадионот „Фолкспарк“ беше српскиот репрезентативец Филип Костиќ со гол и асистенција за пресврт и еуфорија на трибините на крајот.
Две минути ги делеа домашните од трето учество во плеј-аутот во последните четири сезони што, сепак, беше избегнат со погодокот на Џанлука Валдшмит во самата завршница. На тој начин Хамбург останува единствен клуб што никогаш не испаднал од Бундеслигата и на дополнителни 180 минути го упати Волфсбург кој со овој пораз заврши како 16. на табелата.
Голема драма донесе пресметката во Дортмунд меѓу Борусија и Вердер што одлучуваше која екипа ќе игра во групната фаза во Лигата на шампиони наесен, а која ќе мора во квалификации. „Милионерите“ на крајот победија со 4:3 додека Хофенхајм одигра само 0:0 со Аугсбург и го освои четвртото место. Два гола за Борусија беше Пјер-Емерик Обамејанг со кои го престигна Роберт Левандовски на листата на стрелци и со 31 погодок завршува како топ голгетер во германското првенство за оваа сезона.
Баерн М. како шампион, Лајпциг како второпласиран и Борусија Д. изборија право на настап во групите во ЛШ за сезоната 2017/18, во квалификациите за ЛШ ќе игра Хофенхајм. Келн со триумфот над Мајнц со 2:0 е петтопласиран и ќе игра во групите во Лига Европа, Херта, пак, ќе се обиде да се придружи во второто по ранг натпреарување на УЕФА преку квалификациите.
Инголштад и Дармштад се екипите кои во наредната сезона ќе играат во Втора лига или популарната Цвајте.
Бундеслига – 34 коло
Баерн – Фрајбург 4:1
Борусија Д. – Вердер 4:3
Хамбург – Волфсбург 2:1
Херта – Баер 2:6
Инголштад – Шалке 1:1
Борусија М. – Дармштад 2:2
Ајнтрахт Ф. – Лајпциг 2:2
Келн – Мајнц 2:0
Хофенхајм – Аугсбург 0:0
Табела: Баерн 82, Лајпциг 67, Борусија Д. 64, Хофенхајм 62, Келн 49, Херта 49, Фрајбург 48, Вердер 45, Борусија М. 45, Шалке 43, Ајнтрахт Ф. 42, Баер 41, Аугсбург 38, Хамбург 38, Мајнц 37, Волфсбург 37, Инголштад 32, Дармштад 25.