Легендарниот американски тренер, Андре Агасаи, и српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ, договорија соработка која официјално ќе почне од Ролан Гарос.
Ѓоковиќ наводно разговарал и со Пит Сампрас и Густаво Куертен, но се одлучил за Агаси.
Освојувачот на осум Грен слем титули, меѓу кои и Ролан Гарос во 1999 година, ќе се обиде да му помогне на Ѓоковиќ да ја одбраи титулата во Париз и потоа да се врати на врвот на АТП листата.
Српскиот тенисер неодамна го отпушти целиот стручен штаб на чело со тренерот Маријан Вајда, а во текот на турнурот во Рим, каде е поразен во финалето, покрај него беше братот Марко.